Оформени девет нови предмети во Уставниот суд во периодот од 20-30 април годинава

Во периодот од 20 до 30 април во Уставниот суд беа оформени 9 нови предмети по претходно поднесени иницијативи од граѓаните. 

Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

У.бр.58/2023

Oспорен: Правилник на Совет на Општина Македонска Kаменица

Подносител на инициајтивата: Градоначалник на Општина Mакедонска Каменица Димчо Атанасовски

Од наводите во иницијативата:

Подносителот на иницијативата наведува дека Правилникот кој ослободува од плаќање на комунална такса за јавно осветлување на територијата на Општина Македонска Каменица е неуставен и спротивен на Законот за локална самоуправа бидејќи е доставен непосредно пред седница, без претходна консултација со општинската администрација. Според наводите, оспорениот Правилник не е заснован на Законот на комуналните такси за да може да се применува и да произведува правно дејство. Се оспорува член 5 кој предвидува да се рефундираат/вратат веќе уплатените средства за комунална такса за јавно осветлување на лицата/правните субјекти во рок од 30 дена од поднесување на барањето итн.

У.бр.59/2023

Оспорен: Одлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-545/1

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Од наводите во иницијативата:

Се наведува дека Советот на Општина Македонска Каменица постапувал и расправал по предмет за кој нема надлежност, односно разгледувал барање и докази по што одлучил да се донесе Одлука бр.08-545/1 со која се усвојува барање на граѓанин за надомест на штета како последица на пожар во износ од 656 874 денари, според доставена пресметка од овластен вештак, кој пресметката ја направил по кажување на член на семејството, тврди подносителот. Подносителот наведува дека одлуката е спротивна на членовите 3, 7, 22, 32, 36 од Законот за локална самоуправа и член 20 од Статутот на Општина Македонска Каменица.

У.бр.60/2023

Оспорени: Одлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-378/1;

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Oд наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена. Имено со одлуката се одобрува донација на книги на клонот „Крсте Петков Мисирков”, Македонска Каменица- ЈЛБ „Илинден’.

У.бр.61/2023

Оспоренa: Oдлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-398/1;

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Oд наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена, односно одобрување на средства на граѓанин од Македонска Каменица за издавање на песна.

У.бр.62/2023

Оспоренa: Oдлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-400/1;

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Oд наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена, односно за одобрување на донација на книги на клонот „Крсте Петков Мисирков”- Македонска Каменица, како и одлука за одобреување на средства на граѓанин за издавање на песна. Исто така се оспорува и одлуката за одобрување на средства на граѓанка поради смрт на сопругот и тешка финансиска состојба.

У.бр.63/2023

Оспоренa: Oдлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-547/1;

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Oд наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена, односно за одобрување на средства на ловечко друштво во износ од 30 000 денари.

У.бр.64/2023

Оспоренa: Oдлука на Совет на Општина Македонска Каменица бр.08-547/1;

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина македонска Каменица Димчо Атанасовски

Oд наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека одлуката е незаконски донесена бидејќи во Буџетот на општината не се предвидени финансиски средства за конкретната намена, односно за одобрување на средства на пчеларско здружение во износ од 15 000 денари.

У.бр.65/2023

Оспорен: Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементирање на проектот за изградба на инфраструктурнит коридор 8 деница Тетово-Гостивор-Букочани и Требеништа-Струга-Ќафасан и коридорот 10-д делница Прилеп-Битола

Подносител на иницијативата: Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија

Од наводите од иницијативата:

Подносителот наведува дека номинирањето на еден субјект од страна на законодавецот претставува ограничување на субјектите за слободно настапување на пазарот и претприемништвото како клучни основи на стопанскиот систем утврдени со Уставот. Според наводите, оспорениот закон е во спротивност со владеењето на правото, слободата на пазарот и претприемништвото, одредби предвидени во Уставот.

У.бр.66/2023

Оспорен: Член 72 став 6 „против одлуката од ставот 5 не е дозволена жалба или тужба” од Законот за Судскиот совет на Република Македонија

Подносител: Врховен суд на Република Македонија

Содржина на оспорената одредба:

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и судија, односно претседател на суд, учесник во постапката пред Советот не можат да бидат членови на Советот за жалба од ставот 2 на овој член.

Oд наводите во иницијативата:

Се наведува дека оспорениот став предвидува ограничување или еднократно користење на жалбата без да се земе предвид можноста за повторена ревизија и повторно постапување и одлучување на Судскиот совет, при што останува неможност судијата или претседател на суд, доколку со новото решение за Судскиот совет повторно е прогласен за одговорен и му биде изречена санкција, против истото не може да поднесе жалба или тужба. Според наводите оспорената одредба е во спротивност со членот 50 став 2 од Уставот кој гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа. Подносителот посочува дека двостепеноста во одлучувањето на судовите а гарантирана во Уставот, што не е случај со оспорената одредба.

Уставен суд на Република Македонија

Вештачката интелигенција би можела да доведе до изумирање на човештвото?

Медиумското покривање zа наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година.

Вештачката интелигенција може да доведе до исчезнување на човештвото, предупредија експерти, вклучително и директорите на истражувачките лаборатории за вештачка интелигенција „ОпенАИ“ (OpenAI) и „Гугл дипмајнд“ (Google Deepmind), додека десетици други ја поддржаа изјавата објавена на веб-страницата на Центарот за безбедност на вештачката интелигенција.

Во изјавата се наведува дека ублажувањето на ризикот од истребување од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет заедно со другите општествени ризици како што се пандемиите и нуклеарната војна. Додека друуги експерти тврдат дека стравовите се претерани.

Таа изјава беше поддржана од извршните директори на производителот на „ЧетГПТ ОпенАИ“, Сем Алтман, на „Гугл Дипмајнд“, Демис Хашабис и на „Антропик“ (Antropic), Дарио Амодеи.

Додека за професорот од Њујоршкиот универзитет Ијан ЛеКун, кој заедно со Хинтон Бенџо важат за „кумови на вештачката интелигенција“, таквите апокалиптични предупредувања се претерани.

Многу други експерти на сличен начин веруваат дека стравувањата дека вештачката интелигенција ќе го уништи човештвото се нереални и го одвлекуваат вниманието од прашања како што е пристрасноста во системите, кои веќе се проблем.

Компјутерски научник од Универзитетот Принстон, Арвинд Нарајанан претходно изјави дека сценаријата за катастрофа слични на научна фантастика се нереални.

- Сегашната вештачка интелигенција не е ниту блиску до доволно способна да ги материјализира овие ризици. Како резултат на тоа, се свртува внимаието од краткорочните штети од вештачката интелигенција, посочи Нарајанан.

Медиумското покривање zа наводната „егзистенцијална“ закана од вештачката интелигенција се зголеми од март 2023 година, кога експерти, вклучително и директорот на Тесла, Илон Маск, потпишаа отворено писмо со кое повикува на запирање на развојот на следната генерација на технологија за вештачка интелигенција.

Во писмото се прашува дали треба да „развиваме нечовечки умови, кои на крајот би можеле да нè надмудрат и да не заменат“.

Вознемирувачко видео: Девојка убиена во Индија. Таткото: Луѓето снимаа наместо да и помогнат

Девојка (16) во неделата беше брутално избодена и претепана до смрт на прометна улица во главниот град на Индија, Њу Делхи, што предизвика нов бес поради безбедноста на жените во земјата и насилството извршено од мажи.

На снимката од инцидентот, кој трае повеќе од една минута и е снимен со безбедносна камера, се гледаат повеќе луѓе како одат во близина додека напаѓачот постојано ја удира жртвата. Прикажан е само еден маж кој се обидува да го тргне напаѓачот од жртвата пред брзо да се повлече.

Видеото може да биде вознемирувачко за некои читатели!

Телото на жртвата е пронајдено во неделата вечерта во областа Шахбад Даири во северниот дел на населбата Рохини, каде што се случил инцидентот, пишува Си-Ен-Ен. Вчера попладне индиската полиција соопшти дека уапсила маж осомничен за убиство.

Станува збор за механичар кој бил приведен во Буландшахр, во соседната држава Утар Прадеш, изјави за новинарите Рави Кумар Синг, заменик началник на полицијата.

"Ја видов ќерка ми како лежи на земја со лицето на земја. Нејзините органи излегоа, а главата и беше смачкана. Лежеше безживотно. Немаше смисла да ја однесам во болница", рекол таткото на девојчето во интервјуто за Си-Ен-Ен.

"Лут сум што никој не и помогна на ќерка ми. Да и помогнаа, денес ќе беше жива. Слушнав и дека случајните минувачи биле зафатени со снимањето на инцидентот. Дури и да врескаа, тоа ќе и помогнеше на ќерка ми", заклучил таткото.

Како изгледа најмоќниот „Brabus“ во историјата?

Чини како Ферари или Ламборџини.

Најновиот „Brabus“ е базиран на „Mercedes-AMG GT 63 S E Performance“, најмоќниот модел во гамата на германскиот производител.

Во „Brabus“, пак, тој модел ја добива ознаката „930“, што јасно навестува дека се работи за автомобил кој навлегува на територијата на хипер спортските автомобили.

„Стандардниот“ „4.0 V8“ сега добива две нови турбини, а „Brabus“ го додаде својот „PowerXtra“ модул со нова контролна електроника.

Епилогот е зголемување на максималната моќност од 842 на дури 930 КС! Уште поимпресивен е фактот што на возачот му се нуди максимален вртежен момент од 1550 Nm.

Официјалните податоци велат дека „Brabus 930“ до 100 км/ч достигнува за 2,8 секунди, додека максималната брзина е 316 км/ч.

Купувачот ќе добие и дополнителна аеродинамична галантерија, како и титаниумски издувен систем „Brabus“, со режим на работа „coming home“ за да не се разбуди соседството на пат кон дома.

Поставен на тркала од 21 инчи напред и 22 инчи назад, со гуми „Continental SportContact 7“, „Brabus 930“ има и надградена внатрешност во споредба со стандардниот модел на „Mercedes-AMG“.

Секако, постојат бројни опции за персонализација, но имајте на ум дека во „Brabus“ нема евтини додатоци. Доволно е да се каже дека почетната цена на овој модел е 323.435,45 евра.

притисни ентер