Одземени 26 возила на одреден период согласно измените во законот за безбедност во сообраќајот

Секое возило кое испушта штетни издувни гасови или создава бучава ќе биде привремено отстрането од сообраќај, предвидуваат новите измени на законот за безбедност во сообраќајот, кои по долгото чекање во Собранието конечно стапија на сила.

Со овие измени се предвидени поригорозни санкции со кои треба да се стават под контрола техничките неисправни возила и оние кои ја загадуваат животната средина.

Министерот Спасовски вели дека возилата што ќе бидат отсранети од сообраќајот ќе бидат однесени на технички преглед за да се утврдува дали истите и понатаму ќе може да се користат.

-Секое возило кое што создава прекумерна бучава или кое што испушта издувни гасови, кои што ја загадуваат животната средина може да биде одземено односно исклучено од сообраќај во тој момент,изјави министерот Оливер Спасовски.

Спасовски додаде дека возилата што се технички неисправни или имаат истечена сообраќајна дозволна повеќе од шест месеци, ќе бидат одземени во рок од 90 дена и дека досега по овој основ од страна на МВР се одземени 26 возила.

-За сите возила кои се нерегистрирани а се во сообраќај да можат да бидат одземени за одреден временски период и впрочем од стапувањето на сила на тој закон тоа го применуваме. Веќе 26 возила според информациите кои ми ги дадоа,изјави министерот Оливер Спасовски.

Новитет во законот е укинувањето на казнените поени, а возачите кои прават посериозни прекршоци во сообраќајот кои резултираат со потешки сообраќајни несреќи можат да се соочат со трајно одземање на возачката дозвола.

Ибрахимовиќ и Лукаку во клинч, за малку избегната тепачка (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку жестоко се судрија во последните моменти од првото полувреме на четвртфиналниот натпревар од Купот на Италија меѓу Интер и Милан.

Ибрахимовиќ во 31-та минута го донесе Милан во водство со убав гол, а играчите на Интер стануваа се понервозни, што се гледаше на Лукаку, кого Ибрахимовиќ го испровоцира.

Белгиецот и Швеѓанецот се соочија очи во очи и веднаш беа разделени од соиграчите.

Ситуацијата беше на работ на голем инцидент кога судијата Паоло Валери го објави крајот од првото полувреме. Лукаку бесно се упати кон Ибрахимовиќ, кој се упати кон соблекувалната, а за да се избегнат поголеми проблеми, присутните на теренот морале да интервенираат.

И двајцата добија жолти картони.

Лукаку, наводно, му рекол на Ибрахимовиќ да престане да му се смее, а Ибрахимовиќ му одговорил: „Ајде, ајде да одиме“.

Ибрахимовиќ беше исклучен во 58. минута поради втор жолт картон за прекршок во центарот, а израмни Лукаку од пенал во 71. минута.

Британка се изживува врз неподвижна старица, семејството ја снимило (Вознемирувачко видео)

Бритинската полиција објави на својот Твитер вознемирувачко видео во кое се гледа злоупотреба врз дементирана старица од 29-годишна старателка , која е осудена на шест месеци затвор.

29-годишната Џени Деди требало да се грижи за полу-подвижната 69-годишна Лиз Јангс, но снимките од надзорните камери откриваат дека наместо тоа, таа ја влече за коса, и ги турка прстите во лицето и устата и ја влече за нос.

Во текот на летото 2019 година, ќерката на жената од видеото, Корина Канингам, која живеела со неа во куќа во Норфолк, започнала да забележува полесни повреди како што се модринки и гребаници на лицето и телото на нејзината мајка.

Поради сè, вклучила камера, која цело време снимала во собата. Полицијата објаснила дека семејството на Лиз Јангс сакало снимката да се сподели јавно за случајот да остане запаметен откако Деди е приведена.

Според „Дејли меил“, за време на една посета, Деди зела куче со себе, кое ја изгребало Лиз Јангс, предизвикувајќи длабоки расекотини на нејзините нозе.

Деди, пишува понатаму, ја принудувала старицата да јаде и вербално и физички ја малтретирала. На видеото се гледа како ја влече за коса и ги турка прстите во лице.

Во една прилика ја оставила гола скоро цели 30 минути, со влажна коса и само со крпа над колената.

Семејството на Лиз Јангс го видело видеото во ноември 2019 година и веднаш им било јасно дека старицата била малтретирана, по што интервенирала полицијата.

Деди признала дека лошо се однесувала кон лице кое има потреба од посебна грижа и е осудена на шест месеци затвор.

"Знаеме дека објавувањето на оваа снимка предизвика силни реакции, целосно разбираме дека е тешко да се гледа. Го зедовме предвид ова пред да го објавиме. Семејството на г-ѓа Лиз сакаше да спречи слични случаи", објави полицијата, пренесува британски Мирор.

Елизабет Харли во топлес, ја сликал нејзиниот 18-годишен син (ФОТО)

Актерката и манекенка Елизабет Харли позираа топлес во снег, а фотографијата што ја објави на Инстаграм ја направил нејзиниот 18-годишен син.

55-годишната Британка носи само палто и долен дел од бикини од својата нова линија за костими за капење.

„Како можев да одолеам? напишала заедно со фотографијата што ја споделила со повеќе од 1,8 милиони следбеници на Инстаграм.

Таа исто така открика дека ја фотографирал нејзиниот син Дамијан, кој оди по нејзините манекенски стапки.

Таа добила бројни комплименти за фотографијата, но големото внимание што го привлече, не помина без негативни реакции, а многумина често ја критикуваат за нејзината врска со синот.

притисни ентер