Одржана втора седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК

Согласно одлуката за кризна состојба, денеска во Центарот за управување со кризи, се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК.

Со Главниот штаб раководеше директорот на Центарот, в.д., Стојанче Ангелов, а присуствуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи.

Прво, беше разгледан и усвоен обемниот и содржаен, Предлог Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, што е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19" предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2" и прегледот за расположивите човечки и материјално технички ресурси и план за координирано дејствување.

Целта е превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19" предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2", заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси. Овој Акциски план се донесува заради координирано остварување на мерки за справување со кризната состојба.

Истовремено, беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период.

Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а работи и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор, преку Советот за развој на граѓанскиот во релации од областа на човековите права.

Центар за управување со кризи

Унгарија и Русија бележат црни биланси

Во Унгарија починале 154 лица, претежно стари лица со хронични болести, а во последните 24 часа се потврдени 3951 нова инфекција со коронавирус, објави унгарската новинска агенција МТИ.

Од почетокот на пандемијата, 221.073 лица биле заразени во Унгарија, а скоро 5.000 починале.Во болниците има 7.884 лица, 662 на респиратори. Вкупно 1.653.780 лица биле тестирани за коронавирус во таа земја. Најголем број на потврдени случаи има во главниот град Будимпешта - 47.340.

Русија денеска објави рекордни 569 жртви на ковид-19, објави Ројтерс. Вкупниот број на жртви се искачи на 40.464.

Во изминатите 24 часа, потврдени се 26.402 нови случаи на коронавирус, вклучително и 6.524 во главниот град Москва. Вкупниот број на заразени е 2.322.056.

Според институтот Џонс Хопкинс, 63.290.093 лица биле заразени во светот до денеска во 10 часот, а починале 1.469.052 луѓе.

Португалските угостители штрајкуваат со глад против мерките

Сопствениците на девет ресторани, барови и ноќни клубови штрајкуваат со глад петти ден по ред пред португалскиот парламент во знак на протест против ограничувањата поради епидемијата на коронавирус.

„Потребна ни е поддршка за да преживееме“, рече Алберто Кабрал, менаџер на ноќен клуб..

Демонстрантите, кои кампуваат пред зградата на парламентот и живеат со вода, чај и кафе што им ги носат нивните приврзаници, велат дека нема да јадат додека не бидат примени од премиерот и министерот за економија.

Баровите и ноќните клубови се затворени од март, додека рестораните повторно се отвориле во мај, но затворањето на полицискиот час и викендот, што важи од 8 ноември, ги налути сопствениците кои предупредуваат дека нивниот бизнис нема да преживее оваа година.

На Интернет е покрената петиција со која се бара на сопствениците да им биде дозволено да работат, а досега се собрани скоро 45.000 потписи, а тој број се зголемува за неколку илјади на секој час.

Како компензација за затворањето на рестораните за време на викендот, владата им понудила на сопствениците на ресторани износ од 20 проценти од нивните приходи во периодот од јануари до октомври оваа година.

Екс премиерот Владо Бучковски е именуван за специјален претставник за Бугарија

Поранешниот премиер Владо Бучковски доби задача од Владата да биде специјален претставник во македонско бугарските разговори за надминување на отворените прашања.

Одлуката е донесена на денешната владина седница. Пред Владата е Јана Јосифовска.

притисни ентер