ОДМАЗДА

Од понеделник до петок во 16:40, една од најнаградуваните серии во последните години, со премиера на Канал 5

Али e 30- годишник кој отслужува долгогодишна затворска казна заради убиство на човек по име Ахмет.

Во последните години од затворската казна, Али се допишува со девојка по име Мави. По завршувањето на казната, Мави доаѓа да се сретне со него, на неговиот прв ден на слобода.

Али и Мави веќе се познаваат благодарение на писмата што си ги испраќале, но визуелно прв пат се гледаат.

Иако сево ова изгледа како голема љубов на прв поглед , Мави не го избрала Али случајно. Таа му е сестра на убиениот Ахмет и сака да го одмазди својот брат.

Мави има желба да го убие Али токму на денот на нивната свадба, исто како што Ахмет бил убиен на денот на неговата свадбена веселба. Меѓутоа, Мави не ја знае вистината. Мави не знае дека вистинскиот убиец на брат и’ е всушност Џемал – братот на Али. Али само ја презел вината и отишол во затвор, за да го заштити својот брат Џемал кој е женет и има мало дете.

Како љубовта и одмаздата ќе се испреплетат во една безвременска љубовна приказна со традиционални сфаќања, дознаваме од понеделник до петок во 16:40.

Бидете на Канал 5!

Видео-Фото: Ибра како вистински борец

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, асот на Милан Златан Ибрахимовиќ покажа дека и со 40 години е вистински „ѕвер“.

Популарниот Ибра покажа дека со право не само што е мајстор со фудбалската топка дека е мајстор и во боречките вештини.

Шведскиот фудбалер со потекло од Балканот покажа и докажа зошто е носител и на црн појас.

Ибра како вистински ММА борец ја растури боксерската вреќа.

За Златан дефинитивно годините се само бројка.

Заради промоција на спортот, Златан има почесен црн појас во теквондо, кој во 2010 година му го додели олимпискиот шампион Мауро Сармиенто. Повеќе од десет години подоцна, Ибрахимовиќ се уште удира многу силно.

Најпродаваните автомобили во Европа

Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Првото место сега го има одличниот мал „SUV Peugeot 2008“ (18.109 продадени примероци), втор е „Renault Clio“ (14.639), потоа „Dacia Sandero“ (14.034), „Peugeot 208“ (13.978), на петтото место е „Ford Focus“. (12.704)…

Голфот испадна од првите десет - продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пишува магазинот ХАК.

Санкционирани 78 возачи на автопат Велес – Скопје – Куманово

 На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер