Одлуката за почетoк на преговори со ЕУ е голема победа

Советот на Европската Унија денеска се очекува да ја потврди историската одлука за почеток на преговори со Македонија.

 Лидерите на земјите-членки преку видео – конференција посветена на борбата со корона вирусот треба да дадат„зелено светло“ за Македонија, но без прецизен датум за старт на преговорите.

Од Европската комисија за Канал 5 велат дека одлуката за и официјално да се одреди датумот за почеток на преговори е во рацете на земјите –членки. Од таму појаснуваат дека  веднаш штом Советот на Европската унија ја потврди одлуката за земјава, тие ќе го започнат процесот на подготовка за преговорите.

Откако лидерите на ЕУ ја потврдат одлуката, Комисијата веднаш ќе започне со подготовка на преговарачката рамка за двете страни што ќе ги водат преговорите. Според заклучоците на Советот,  првата Меѓувладина конференција ќе биде свикана веднаш штом е можно, откако преговарачките рамки ќе бидат одобрени од земјите-членки.

Вицепремиерот за Евроинтеграции Бујар Османи вели дека најважното е што земјава по 15 години кончено доби позитивна одлука за почетокот на преговорите, а официјланиот датум , според него е само дел од процедурата што ќе следи..

Позитивната одлука за Македонија од советот на министри, изминатите неколку дена наиде на низа реакции од странските медиуми, особено во Франција која важи за голем скептик во поглед на проширувањето.

Дел од тамошните медиуми анализираат дека патот кон полноправно членство за Македонија и Албанија ќе биде долг и тежок, особено со новата методологија за преговори кој неодамна беше усвоена.

притисни ентер