Одгледувачите на свињи од делчевско задоволни од проценката по извршената депопулација

Ацо Десподовски од делчевското село Драмче е задоволен од проценката на штетата, по извршената депопулација на свињите во радиус од 3 километри од првичното жариште каде беше утврдено присуство на Африканска свинска чума. 

Како што самиот изјави, за неговите 60 грла свињи тој од страна на државата ќе добие доволно средства за да ги покрие загубите од угинатите свињи, но истовремено за него претставува голема загуба, бидејќи не знае до кога ќе трае забраната за одгледување свињи.

-За мене ова е голема загуба, бидејќи на 5 јануари останав технолошки вишок, а потоа за два дена ми ги отстрелаа свињите. Местото каде беше пронајден вирусот е далеку од мене, но се случи тоа што се случи. Отстрелани ми се околу 60 свињи, имаше и големи и мали. Задоволен сум од проценката, сега е важно да ги добиеме парите, да не обештетат, а потоа што ќе кажат тоа е, вели Десподовски.

По добивањето статус на технолошки вишок во комуналното претпријатие каде работел како хигиеничар, неговата цел била да се посвети исклучиво на свињарство, но потоа уследила појавата на Африканска свинска чума, која како што додава се појавила од дивите свињи кои ги има во изобилство.

-Минатата година претерано имаше диви свињи. Овде во маалото направија пустош на пченката. Според мене е подобро да се извршеше отстрел на дивите свињи, тоа е мое мислење, додава Десподовски.

Во однос на забраната за лов на диви свињи, Александар Дончевски, претставник на здружението Хантер Про кое е концесионер на повеќе ловишта во Пијанечко-малешевскиот регион, вели дека од страна на ловците има доста негативни размислувања.

-Тие велат дека ловот требаше да продолжи со отстрелување, за да се знае дали има заболени, бидејќи во шумата на дивите свињи кај што се појавува оваа чума единствено дел од ловците можат да откријат дали навистина постои свинска чума, вели Дончевски.

Со цел спречување на ширењето на болеста, доколку според Дончевски се утврди дека е контаминиран теренот, препорачува селективен отстрел, што според него ќе значи и заштита на домашното производство.

-Во таа насока како здружение од страна во име на ловците до Ловечката федерацијата испратен е апел до надлежните дека ловот треба да биде пуштен, да го искористат ловците ова право до 31 јануари годинава. Целта е да може да се направи увид на умрени единки додека ги има и да има поголем отстрел на дивеч, за да нема чума, додава Дончевски.

Деновиве во делчевско заврши депопулацијата на свињи затекнати во домашните одгледувалишта во радиус од три километри од првичното жариште, каде беше пронајдено присуство на вирусот. Притоа како што беше соопштено од Агенцијата за храна и ветеринарство уништени се над 200 грла домашни свињи, за што сопствениците ќе добијат соодветен финансиски надомест.

Герасимовски: Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица

Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица, туку оние кои оставруваат профит.

Со законско решение за конфискација на дивоградбите, ќе се одземат нелегалните објекти кои оставруваат профит и ке се пренаменат во непророфитни објекти или во места каде ќе се одржуваат културни манифестации, ова утринава го соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Според градоначалникот со законот ќе се реши урбанистичкиот хаос

Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“

Дами и господа, во Среда на 3 април, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Дами и господа, во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер - Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска... Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа да придонесе за мир.

Потребата Косово да преземе дополнителни дејствија за неговото членство во Советот на Европа да придонесе за мир, но и потребата за дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат околу статусот под кој би бил приемот, ги истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој воедно е и претседател на поткомитетот за Западен Балкан на Советот на Европа за време на расправата во Париз на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на СЕ, јави дописничката на МИА од Атина.

На расправата и гласањето на извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани за приемот на Косово во Советот на Европа, Ципрас ги поздравил извештајот, перспективата за членство на Косово и фактот што земјата ја призна правната сопственост на манастирот Високи Дечани.

Сепак, истакнал дека тоа не е доволно како единствен услов и дека се потребни дополнителни активности од Приштина особено во однос на формирањето на Заедницата на српските општини и законот за експропријација на малцинските имоти за интеграција на Косово во организацијата.

Паралелно потенцирал дека тензијата е многу зголемена во регионот со заемна одговорност на страните и потребни се повеќе авансни гаранции за приемот на Косово во Советот на Европа вистински да се придонесе за мирот на Балканот.

Додал дека е потребна дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат Косово за статусот под кој ќе се приклучи на организацијата.

Извештајот за Косово вчера беше усвоен од Комисијата за политички прашања, а следен чекор е пленарна расправа, која ќе се одржи на 18 април.

Како што вчера јави дописникот на МИА од Белград, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека за одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа за препораката за прием на Косово во членство во Советот на Европа е срамна и скандалозна.

притисни ентер