Одделенските сестри од онкологија давале изјави во предистражната постапка? - Канал 5

Одделенските сестри од онкологија давале изјави во предистражната постапка?

Одделенските сестри од Клиниката за онколгија и радиотерапија изминатите денови давале изјави во предистражната постапка за скандалот со „Онкологија со продавање на лекови“ извор за канал 5 од истрагата.

Одделенските сестри од онкологија давале изјави во предистражната постапка?

Дали и изјавите на вработените заедно со изјавите од пациентите ќе бидат клучни за поведување на истражна постапка ќе се знае наредните денови? велат извори од истрагата. За утре во 18 часот се закажни протести пред Владата. Тие во нивното писмо наведуваат сума од четири илјади евра за плаќање од лек за кои биле инволвирани и поранешни директори на клиниката. Еден од нив добил кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување а се уште работи на клиниката.

-Бараме Основното јавно обвинителство на чело со Јовевски да обзнани дали воопшто истрагата за поранешната директорка резултирала со судска пресуда, како и да се отвори истрага за овие наводи кои пристигнаа до нас. Исто така, го повторуваме нашиот ултиматум во рок од една недела ОЈО да излезе со детали до каде е истрагата, со цел повторно одредени партиски ликови да не бидат заштитени од кривичен прогон.

А во 19 часот пред јавното обвинителство ќе бидат малата група онколошки пациенти, која е таа секој ден, и бараат одговри кои лекови биле ставени во истрагата. Со цел пациентите кои ги примале лековите кои се во истрагата да си направат навреме прегледи. Токму недостатоци неправилности во набавувањето на терапијата имаше констатирано и во ревизорскиот извештај што беше направен во времето на директорот Нино Васев. Засега целата постапка е во предистражана постапка и според правниците таа ќе биде со овој статуст се додека не се обезбедат материјални докази за стартување на истражна постапка.

YouTube video

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

Ангеловски: Можете ли да победите 150-годишна стратегија со „шарм-стратегија“?

„Со поделбата на Македонија во 1913 во Букурешт мислеа дека го затврорија македонското прашање“

Ангеловски: Можете ли да победите 150-годишна стратегија со „шарм-стратегија“?

Симптоматично е што нема да присуствува Радев, туку ќе оди Премиерот Жељазков, јасни се ставовите на Радев кои малку одудираат од ставовите на НАТО и затоа тој нема да биде присутен таму. Точно е она што го вели бугарскиот премиер Георгиев, дека немаат отворени прашања, бидејќи истите тие ги затворија во сандакот кој требаше да биде посмртниот а во кој шајките ги стави Османи. Дваесет години говорам за двојните стандарди кои ги имаат членките на ЕУ. Имаме тврдење на ЕК дека Украина е многу блиску до зачленување поради што нема корупција и нема отворени прашања со соедите. Големите Европски сили со поделбата на Македонија во 1913 во Букурешт мислеа дека го затврорија македонското прашање. Не можат да се помират дека таа одлука не е исправна. Можете ли да победите 150-годишна стратегија со „шарм-стратегија“? Се доведовме до ситуација меѓународното право за се „крши“ овде, врз нас,вели Страшо Ангеловски во Само Вистина.

притисни ентер