Одбраната на обвинетите за убиството на Тот најави жалба

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот најави жалба, обвинителството смета дека фактите се правилно оценети.

Одбраната на обвинетите за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот најави жалба за пресудата со која на обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска во Основниот кривичен суд Скопје денеска им беше изречена казна затвор од по 18 години, додека, на обвинетиот Андреј Костовски 16 години за сторено кривично дело „убиство“.

Адвокатот Еленко Миланов, бранител на обвинетиот Костовски рече дека ќе ја обжалат пресудата по однос на основата и висината.

Бранителот на обвинетата Левковска, адвокатот Емил Гугутчевски рече дека определената казна е превисока.

– Пресудата ќе биде обжалена во секој случај. Превисока е определената казна. Сметаме дека спрема нашата обвинета Клементина во никој случај не постои ова кривично дело убиство. Да, има преземено определени дејствија, удар. Меѓутоа, од нејзиниот удар нема настанато смрт во никој случај, рече тој.

Иле Танев, адвокат и бранител на обвинетиот Ѓорѓиевски, исто така, смета дека казната е превисока.

– Уште сега најавуваме жалба. Мислам дека пресудата е драконска, казната превисока. Мислам дека една трагедија не се решава со друга трагедија. Ова за нас претставува голема неправда, но, не можам да ви кажам на околности на кои ќе поднесеме жалба затоа што треба да ја добиеме во писмена форма. Веројатно ќе биде во делот на правната квалификација, како што најавивме уште од почетокот, рече тој.

Според него, не постои ни најмал сомнеж дека постои умисла кај обвинетите.

Обвинителката Тања Трајчевска, застапник на обвинението, рече дека ќе се воздржат од коментари до добивање на пресудата во писмена форма.

– Денеска ја слушнавме пресудата, сè додека не добиеме писмена форма на пресудата, ќе се воздржиме од коментари во однос на истата. Казната е во рамки на законски предвидената казна, така што, тоа е одлука на судот. Фактите правилно се оценети, рече таа.

Судечкиот совет на чело со судијката Елена Илиевска Јосифовиќ до правосилноста на пресудата ја продолжи мерката притвор на обвинетите.

Во овој процес, Основното јавно обвинителство – Скопје ги гони обвинетите за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Во текот на доказната постапка, обвинетите, најпрво, изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Обвинителството потоа изведе докази кои се однесуваа на обвинителниот акт. Се изведоа материјални докази помеѓу кои беа и видео-снимката од конкретниот настан, сведоштва на очевидци на настанот како и вешти лица од областа на судската медицина и психијатријата.

Одбраната во текот на доказната постапка, преку изведените докази и изјави за медиуми, алудираше на преквалификација на делото, бидејќи, според нив, во кривичното дело „убиство“ за кое се обвинети обвинетите, недостасува умислата. Тие, исто така, испрашуваа очевидци на настанот, како и вешти лица од областа на психијатријата и психологијата, а на нивен предлог сведочеа и лекарите кои го лекувале оштетениот Денис Тот по приемот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

По завршувањето на доказната постапка, обвинителката Тања Трајчевска побара осудителна, додека, одбраната и обвинетите, ослободителна пресуда.

Израелската војска: Во Сирија заробивме 3.300 парчиња оружје и два тенка

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека трупите кои дејствуваат во јужна Сирија заплениле повеќе од 3.300 оружје и друга воена опрема од падот на режимот на Асад.

Според војската, меѓу запленетите оружја има два тенкови, 70 гранати, 165 гранати и ракети, 20 противвоздушни проектили и околу 1.500 РПГ.

Војниците заплениле и 60 парчиња опрема за надзор и 570 електронски уреди, вклучувајќи компјутери и уреди за комуникација. ИДФ соопшти дека нивното распоредување во тампон зона на сириската страна на границата и на стратешки позиции надвор од таа зона е одбранбена и привремена мерка поради ситуацијата во Сирија.

Пеп Гвардиола по разводот се сели од вилата, што ја купил за 10 милиони евра (ФОТО)

Пеп Гвардиола наводно ќе се исели од семејниот дом во Барселона вреден 10 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми.

Неодамна се појави веста дека шпанскиот фудбалски тренер и неговата сопруга Кристина Сера се разведуваат по повеќе од 30 години брак.

Тренерот на Манчестер Сити секогаш остануваше во семејната куќа кога се враќаше во Барселона. Луксузниот имот во најелитниот кварт на Барселона некогаш бил во сопственост на Рафаел Маркез, а Гвардиола го купил за 10 милиони евра пред четири години. Вилата има четири ката и голем базен, а зафаќа парцела од повеќе од 22.000 квадратни метри. Самата куќа има 8.000 квадратни метри.

Според шпанските медиуми, се очекува Пеп по разводот да се исели од вилата и да продолжи да живее во луксузниот имот во Салфорд, Англија.

За потсетување, тренерот на Манчестер Сити и неговата сопруга раскинаа во декември минатата година. Веста ја соопштија водителките на подкастот на Мамараци - Лаура Фа и Лорена Васкез. Тврдат дека за разводот бил информиран само најтесниот круг на луѓе, а бил избегнат секаков контакт со медиумите. Тие додаваат дека засега не е познато дали Пеп и Кристина го започнале официјалниот процес на развод.

Двојката беше заедно повеќе од 30 години. Тие се запознале во 1994 година, а се венчале во 2014 година во Матадепера во близина на Барселона. Заедно имаат три деца, Марија, Мариус и Валентина. „Ел Периодико“ пишува дека врската меѓу Пеп и Кристина, и покрај разводот, е „целосно срдечна, стабилна и пријателска“.

Двојката живее одвоено во последните пет години. Таа живееше во Барселона, а тој остана во Манчестер поради работата. Семејството на Кристина зад себе има успешна модна компанија, а странските медиуми пишуваат дека таа се вратила во Барселона токму поради работата. Кристина е и писателка, по потекло од Бразил.

Прв смртен случај од грип во Црна Гора

Поради вирусот на грип кој моментално беснее низ регионот, Институтот за јавно здравје во Црна Гора го пријави првиот смртен случај поврзан со оваа инфекција.

Станува збор за лице од Бијело Поље, на возраст од 72 години, кое не било вакцинирано против сезонски грип.

„Евидентиран е пораст на заболени граѓани. Во извештајниот период, втората календарска недела од 2025 година, во лабораторијата на Центарот за медицинска микробиологија на ИЈЗЦГ со помош на молекуларна дијагностика се анализирани 48 примероци за присуство на вирусот на грип, од кои 22 беа позитивни“, соопштуваат од ИЈЗ, пренесува Рина.

Од почетокот на надзорот на сезонскиот грип, поточно на 30 септември, а завршува на 12 јануари, анализирани се вкупно 386 примероци за присуство на вирусот на грип со помош на PCR дијагностика.

Инфекцијата е потврдена кај 43 лица. „Кај 40 лица е потврдена инфекција со вирус на грип од типот А, додека три лица се заразени со вирус на грип од типот Б“, се вели во соопштението.

притисни ентер