Одбраната на Камчев најави постапка за утврдување на законитоста на доказите

Нови 30 дена притвор за бизнисменот Орце Камчев определи скопскиот Кривичен суд. 

Продолжениот притвор е на барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителката Лиле Стефанова предлогот до Кривичниот суд го доставила во петокот, неколку дена пред истек на првично определениот за случајот со плацовите на Водно.

Според судот се уште постои можност Камчев да се даде во бегство.

Истрагата за случајот Плацови на Водно, Обвинителството ја отвори во октомври лани, а Камчев како еден од осомничените беше притворен пред еден месец, откако белешка дека се подготвува за бегство до обвинителството достави АНБ. Токму за оваа белешка неговата одбрана ќе поведе постапка пред Кривичниот суд од кој ќе бараат да утврди дека била незаконита. Според адвокатот Тони Менкиноски, АНБ делувала надвор од своите овластувања.

За одбраната е спорно определувањето на притворот без, како што тврди, докази, па затоа до Судскиот Совет ќе поднесе и претставка за нестручно и несовесно работење на судијата на претходна постапка. Менкиновски и денеска тврдеше дека врз Камчев во притворското одделение во Шутка, каде што е сместен, се вршело тортура, што претходно беше демантирано од затворската управа.

Во истрагата за случајот Плацовите на Водно, покрај Камчев, меѓу осомничените се и експремиерот Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Предметот се однесува на тоа дека со пари од членарина и партиски донации за ВМРО-ДПМНЕ биле купувани атрактивни плацови на Водно. Станува збор за земјиште од 11 000 квадратни метри и сума од 1,3 милион евра. За ова неодамна, обвинителството вршеше претрес и во станови што се поврзуваат со Груевски.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер