Одбележувањето на двата Илиндена без масовни собири и под здравствени протоколи

Без масовни собири и со здравствени протоколи за културно-уметничките програми – оваа година Денот на Републиката 2 ри август ќе се празнува поразлично од изминатите години поради епидемијата од корона вирусот.

На одбележувањето на 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, државниот врв традиционално ќе ги посети локациите кои се симбол на Илинден. Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати од Меморијалниот центар во Пелинце, собранискиот спикер Талат Џафери доколку има подобрена здравствена состојба ќе го посети Крушево на Мечкин Камен, а премиерот Оливер Спасовски ќе биде на свеченоста во Скопје.

На сите локации настаните ќе бидат организирани според протоколите кои Владата ги усвои минатата недела – просторот каде што ќе се одржуваат ќе биде заграден и со столчиња на два метра растојание меѓу посетителите. Нивниот број ќе биде ограничен најмногу до 50 проценти од капацитетот на оградениот простор. Ќе има насоки за влез, движење и излез на посетителите, а ќе има и редари кои ќе контролираат дали се почитуваат мерките. Заштитните маските се задолжителни за сите присутни, а ќе бидат обезбедени и средства за дезинфекција на рацете.

Прославата во Крушево ќе почне утревечер на Гумење, традиционално со научно-културните средби „10 дена Крушевска Република", со подигнување на бајракот на Републиката, а треба да пристигнат и коњаниците.

Два дена по овој празник следуваат и активните политички случувања. По Конститутивната седница се очекуваат и преговорите за формирање на нова Влада. Засега нема договор меѓу партиите за владина коалиција. Од СДСМ се убедени дека тоа наскоро ќе се случи и тие ќе го обезбедат потребното мнозинство. Велат дека нема да има нови избори наскоро, како што претходно рече лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој оценува дека е можно ниту една партија да не успее во преговорите.

Според роковите, 14ти август е крајниот рок која претседателот Пендаровски треба да го додели мандатот на тој што ќе формира мнозинство од 61 пратеник.

Први резултати од вештачењето на телефонот на мајката на Данка, избришени многу пораки

Првите информации од вештачењето на телефонот на мајката на исчезнатиот Данке- Многу пораки и повици се избришани на денот на исчезнувањето! 

Прегледот на телефонот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатата Данка, откри шокантни информации.

Според неофицијални сознанија од истрагата до кои дојде српски Информер, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало шокантни и донекаде загрижувачки информации.

Според и ннформации на информер, многу пораки и податоци за повици биле избришани.

- Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но остануваат во базата на податоци - вели изворот на Информер.

Електромобилот „Шјаоми СУ-7“ пуштен во продажба

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. 

Кинескиот производител на паметни телефони „Шјаоми“ (Xiaomi) го пушти во продажба своето прво електричен автомобил - „Спид ултра 7“ (Speed ​​​​Ultra 7, СУ-7). Извршниот директор на компанијата, Леј Јун изјави дека цената на возилото ќе биде околу 28.000 евра, пренесува „Би-би-си“.

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. Автомобилот, најавен лани, се споредува со моделите на спортски автомобили „Тајкан“ и „Панамера“ на „Порше“. Производството ќе се одвива во Пекинг, Кина, во државната фабрика што може да испорача до 200.000 возила годишно. „Шјаоми“ најави и влог од 10 милијарди долари за развој на возила за следните 10 години.

На кинескиот пазар на електромобили, инаку, се натпреваруваат и „Тесла“ и „БИД“, па со влезот на „Шјаоми“ како трет избор, се предвидува и нова борба за цените.

- Крајното достигнување би било да се покаже дека има потрошувачки пазар и за „Шјаоми“ како бренд на паметни електрични возила, изјави стручњакот од „Аутомобилити“ (Automobility), Бил Русо.

Тој верува дека влезот на пазарот за автомобили ја одразува довербата на „Шјаоми“ во важноста на брендот во и вон матичната Кина. /МИА

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

притисни ентер