Од утре заладување, за викендот утринска температура околу нула

Дожд, грмежи, засилен ветер и намалување на дневните температури за шест степени, а утринските околу нула, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

За денеска попладне и во текот на ноќта најавуваат променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува умерен, а во попладневните и ноќните часови засилен северозападен ветер (повремено над 70 км/час), кој ќе услови на повисоките планини повремени локални врнежи од снег.

Максималната температура ќе се движи од 17 до 23 степени, а кон крајот на денот позначително ќе опадне.

И утре претпладне ќе дува умерен до засилен северен ветер, ќе има и повремени локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег.

Во петок ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег.

Дневните температури ќе се движат од осум до 16 степени, а од петок до недела утринските температури на места се очекува да бидат околу нула.

Најмалку петмина уапсени пред белоруската амбасада во Москва

Најмалку пет лица се уапсени за време на вечерашниот протест пред белоруската амбасада во Москва.

По двочасовните мирни протести против резултатите од претседателските избори во Белорусија, руската полиција растури група од 200 демонстранти и уапси најмалку пет лица, јавува ТАСС.

По објавувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија, на кои сегашниот претседател Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите, избувнаа протести во целата земја.

За време на тридневните протести во Минск и другите белоруски градови, едно лице загина, а повеќе од 6.000 лица се уапсени.

Малолетната ќерка на Моника Белучи стана заштитен лик на Долче и Габана

Познатиот бренд Dolce & Gabbana има нова муза - тоа е 15-годишната Дева Касел, ќерка на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, која се чини дека има светла иднина во светот на модата.

Тинејџерката, која очигледно ја наследи безвременската убавина од нејзината убава мајка, деновиве снимаше кампања за новиот парфем „D&G“ Shine на бреговите на италијанското езеро Комо во провинцијата Ломбардија.

Секако, присуството на Дева предизвика голем интерес кај папараците и медиумите, а нејзината благосостојба и безбедност внимателно ги следеа грижливите родители - иако се разведоа во 2013 година, Моника и Винсент учествуваат подеднакво во воспитувањето на 15-годишната Дева и нејзината петгодишна сестра Леони.

\

Дева дефинитивно се обидува да ја заштити својата приватност во секое време и е многу внимателна со објавите на социјалните мрежи, но за жал, и таа неодамна се најде под оган од злонамерните интернет тролови кои почнаа да шират озборувања за тоа како таа се подложува на козметичка хирургија, т.е. ја обвинија дека ги зголемила усните.

- Ве молам, јас сè уште немам 16 години ... Нормално е тинејџерите да поминат низ физички промени, особено на оваа возраст. Никогаш не размислував за каква било постапка и знам дека моите родители никогаш не би го дозволиле тоа. Човечкото тело се менува, затоа ве молам уште еднаш, размислете пред да започнете да ширите бесмислени, глупави и лажни вести за младите – им одговори Дева.

Шпанија забрзано гради болница поради зголемениот број заболени од корона

Бројот на нови случаи на коронавирус во Шпанија денеска се зголеми за скоро 1.700, а во овие бројки не е опфатен Мадрид, кој не даде информации заради технички проблеми.

Од укинувањето на строгите рестриктивни мерки пред шест недели, Шпанија се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот.

Иако просечниот дневен број на заразени лица бил помалку од 150 во јуни, околу 1.500 нови случаи се регистрираат секој ден во првите 12 дена од август.

Како резултат, војската брзо гради нова полска болница во Сарагоса, главниот град на Арагон, регион кој сега е жариште на коронавирусот.

притисни ентер