Од утре забрана за употребата на пластични кеси во земјава

Последен ден за пазарење со пластични кеси, пред вртоглавото поскапување на цената на 15 денари. 

Дел од производителите на кеси веќе ги исклучија машините, но се уште се надеваат дека можеби одлуката ќе се пролонгира, па ќе продолжат со работа. Зулкарни Јусуфи кој со години егзистира од овој бизнис, за Канал 5 вели дека законот е избрзан и оти не им било оставено доволно време да ја пренаменат дејноста.

Главен проблем им е недостатокот на биоразградливи репроматеријали, објаснува Јусуфи..

„Крајнава недела само седиме, немаме нови нарачки и тие нарачки што ги имавме се на стедн бај, да видиме што ќе биде понатаму./ Ние моментално не можеме да обезбедиме репроматеријал и не е само кај нас, ова е секаде во светот. Немаме доволно материјал биоразградлив, потоа кога ќе ги добиеме, треба да правиме проби, да одиме на семинари, па да видиме каква инвестиција на машини треба да набавиме.“ изјави Зулкарни Јусуфи, производител.

Ќе се најдат ли од утре и трговците на мака ?! Ако нема кој да ги произведе од каде би ги набавиле овие кеси, прашавме во Животна средина. Оттаму не попуштаат. За Канал 5 велат дека трговците имале време да се подготват и да си набават такви кеси, бидејќи носењето на законот веќе два пати бил пролонгиран.

„Трговците имаа доволно време за разгледување на можностите за набавување на овие кеси или друга алтернатива, затоа што Законот беше подготвен и објавен уште од 2019 година и споделен со јавноста. Притоа, примената на одредбите за пластичните биоразградливи кеси за носење стоки беше одложена два пати, а првично најавата за примена беше 1 јануари 2021 година. Со оглед на фактот дека законите беа долго во собраниска процедура, роковите се одложуваа и сите беа запознаени со измените.“ -Министерство за животна средина

Парите од продажбата на кеси, ќе одат во посебен фонд кој ќе се инвестира во животната средина. Идејата е да плаќа тој што загадува. Сепак производителите сметаат дека има други начини да се спаси природата, пред да се носат вакви - за нив, строги закони.

„Intel“ планира да произведува чипови за рударење на Биткоин

„Intel“ најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со „Intel Inside“ налепници.

Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за „Bonanza Mine“ чип за рударење на Биткоин.

„Bonanza Mine“ е опишан како ефикасен, „ASIC“ за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на „Intel“.

Засега, програмата не укажува на тоа дали „Intel“ навистина планира да го испорача „Bonanza Mine“ како завршен производ или само како истажувачки проект.

„Intel“ претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека Биткоин рударењето одмана е преминато на „ASIC“.

„Intel“ нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за Биткоин.

Американските телекомуникациски компании ги одложуваат услугите во 5G мрежата

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

Американските телекомуникациски компании „AT&T“ и „Verizon Communications“ се согласија да го одложат воведувањето услуги во 5G мрежата, одложувајќи го вклучувањето на базните станици во близина на клучните аеродроми за да се спречат прекини во сообраќајот.

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

„Ќе има хаос меѓу авиокомпаниите“

Новата услуга би можела да направи значителен број авиони со широки трупови неупотребливи, оставајќи „десетици илјади Американци заробени во странство“ и „хаос“ на летовите во Соединетите Држави, соопшти здружението „ Airlines for America“.

Федералната управа за авијација (FAA) предупреди дека потенцијалните пречки може да влијаат на чувствителните инструменти во авионот, како што се висиномерите, и значително да го попречат летањето со слаба видливост.

Поради тоа, „Verizon“ одлучи да го одложи вклучувањето на петстотини базни станици во близина на аеродромите, помалку од 10 отсто од планираниот број, додека не се најде трајно решение, изјавија извори во вторникот. Деталите за договорот за одложување не се објавени и не се знае кога ќе бидат вклучени базните станици.

Изложба на дела од Владимир Темков во Кавадарци

„Виножито" е насловена ликовната изложба што вечерва е отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. Претставени се дела од ликовниот уметник Владимир Темков.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева посочи дека се презентирани педесетина дела со спектар од боите на виното и житото.

За 40-годишното ликовно творештво на Темков, говореше Трајче Цветков, виш кустос историчар на уметност при Музејот.

-Тој припаѓа во редот на хиперактивните сликари, кои секојдневно работат и по 12 часа во своите ателјеа. За тоа сведочат и над 100 самостојни и групни изложби во нашата земја и насекаде низ светот. Иако во неговиот богат творечки опус има повеќе фази, сепак има една нагласена универзална симболика за убавините на својот роден крај, истакна Цветков.

На љубителите на уметноста им се обрати и самиот автор, кој денеска слави роденден.

Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Педагошка академија, Факултет за ликовни уметности и магистерски студии завршил во Скопје.

– Има работено на повеќе работни позиции, меѓу кои и референт за култура, директор на Младински дом „Младост", директор на Дом на култура „Иван Мазов – Климе", потоа ја има извршувано функцијата претседател на Комисија за култура на бивша СФРЈ и тн. Во својата досегашна плодна уметничка кариера има реализирано повеќе проекти и интервенции од областа на уметноста и учествувано на повеќе меѓународни конференции. Има реализирано над 50 самостојни изложби, учествувано на многубројни групни изложби како и ликовни колонии, стои во неговата биографија.

притисни ентер