Од утре во функција ваучерите за туризам – граѓаните заинтересирани за користење

​Од утре до 15 декември годинава 117.122 граѓани ќе може да ги користат ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети што ги добија од државата.

Ваучерите, вредни 6.000 денари, се доделени на лица со приходи до максимум 15.000 денари месечно. Тие може да одберат каде ќе летуваат или зимуваат преку Платформата www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk на која се објавени расположливите хотели, приватни апартмани, автокампови, одморалишта, бањи, опфатени со оваа владина мерка.

Првичната оценка на сместувачките капацитети е дека луѓето се заинтерсирани за искористување на поддршката, но засега се уште се плашат од ситуацијата со КОВИД-19. Агенцијата за туризам, пак, очекува годинава од домашните гости да бидат остварени повеќе од два милиона ноќевања, бројка во која значителен удел ќе имаат токму ваучерите.

-Има заинтересираност за нашите капацитети, но луѓето се уште се плашат да доаѓаат поради ситуацијата со КОВИД-19. Сепак, се јавуваат, прашуваат. За претстојниот викенд направивме 17 резервации за Бањиште, иако се уште не знаеме колку точно од нив се со вредносниот ваучер. Во секој случај, очекуваме гости, особено во периодот што следи. Сметаме дека бројот значително ќе порасне и граѓаните ќе го искористат правото за летување со поддршката која ја добија, велат од „Дебарски бањи – Косоврасти".

Како што се наведува во нивната понуда, секој што има добиено ваучер за туризам од страна на Министерството за економија ќе добие четири ноќевања со појадок, ручек и вечера, лекарски преглед, како и користење термален СПА центар, плус терапии (со лекарско одобрение).

Граѓаните изразуваат задоволство од поддршката иако некои од нив се уште не се сигурни кога ќе го искористат ваучерот. Други веќе размислуваат да резервираат сместување, до крајот на јули или август.

-Добив ваучер. Мерката е повеќе од добредојдена, но штета што е ваква ситуацијата со коронавирусот па малку ни е страв, зашто сепак ќе треба да се „мешаме" со луѓе. Во секој случај, ќе ја искористиме поддршката иако уште се двоумиме каде, дали за во некое планинско место кое засега ни се чини подобро, вели граѓанин од Скопје.

Доделувањето на ваучерите е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам поради коронакризата, а произлезе од соработката на сите чинители во секторот.

-Ние претседававме со Координативното тело во кое коморите заеднички ја донесоа мерката за домашниот туризам. Очекувам заеднички до крајот на годината да оствариме повеќе од два милиона ноќевања, во кои секако и ваучерите ќе имаат сериозен удел. Тоа ќе помогне за намалување на негативниот тренд во туризмот и, ако дозволат условите, да имаме помал минус од останатиот дел на регионот, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски.

Откако ќе бидат искористени ваучерите од страна на граѓаните, Министерството за економија ќе им ги исплати средствата на туристичките капацитети за дадените услуги врз основа на доставена месечна фактура и месечен извештај за реализираните ваучери.

Платформата „Дома си е дома" беше официјално промовирана пред еден месец од министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за финансии Нина Ангеловска. Претходно беше соопштено дека сите туристички капацитети кои сакаат да бидат дел од оваа владина мерка и да се најдат на Платформата, мора да бидат регистрирани.

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

„Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал. /МИА

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

Гласањето за претседател во затворот Идризово се одвива без проблеми

Во затворот Идризово гласањето за претседателските избори денеска се одвива без проблеми, иформираат за МИА од Избирачкиот одбор. 

-Подготвките за гласањето завршија одлично. Гласањето започна во 7 часот и се одвива без проблеми. Во Избирачкиот список за ова гласачко место број 2536 се запишани 887 избирачи, а до пладне на гласање излегоа 235, изјави за МИА членот на Избирачкиот одбор Тони Трајковски.

Согласно Избирачкиот список денеска треба да гласаат 2.147 лица кои се на издржување казна затвор или се во притвор.

За претседателските избори денеска гласаат и болните и изнемоштените и лицата во старските домови.

Членови на Избирачките одбори ги посетуваат во нивните домови за да гласаат и 6.935 болни и изнемоштени лица, чии пријави беа прифатени.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување, како и двајца избирачи со статус на внатрешно раселени лица, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика.

Право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

притисни ентер