Од утре се воведува делумна забрана за движење во шуми и шумско земјиште

Забраната стапува во сила од утре и се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите, даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот.

Забраната стапува во сила од утре и се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

– Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појавана шумски пожари, односно до нејзиното отповикување, се наведува во соопштението на „Национални шуми“.

Од таму посочуваат дела оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите.

– Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат, се наведува во соопштението, при што се додава дека за спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“ кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.

Од утре стапува на сила планот на ЕУ за заштеда на гас, некои земји се изземаа

Планот на Европската унија за дејствување во вонредни ситуации, кој се однесува на подготовка за евентуален прекин на снабдувањето со руски гас, стапува на сила утре откако вчера беше објавен во службениот весник на ЕУ.

Според планот, земјите-членки на ЕУ треба доброволно да ја намалат потрошувачката на гас за 15 отсто во периодот од 1 август до 31 март следната година, во споредба со просечната потрошувачка во истиот период во изминатите пет години.

Податоците на ЕК покажуваат дека треба да се заштедат вкупно 45 милијарди кубни метри гас за да се постигне зацртаната цел. Германија треба да потроши околу 10 милијарди кубни метри помалку од претходниот период.

Крајната цел на заштедите е да се подготват за можен целосен прекин на испораката на руски гас за земјите од ЕУ, откако Москва во последните месеци значително го намали снабдувањето.

Во случај на голем недостиг на гас, новиот план за вонредни ситуации предвидува и можност за задолжителни заштеди.

Најмалку 15 земји-членки на ЕУ, кои сочинуваат околу 65 отсто од вкупното население на блокот, ќе треба да дадат одобрение за активирање на таквата мерка.

Неколку земји, меѓу кои Италија и Шпанија, си обезбедија изземање од таквата ситуација.

Планот за вонредни состојби ќе остане на сила една година.

Американците со опомена до Русите: Прекинете ги борбените дејства околу нуклеарката Запорожје

Белата куќа се приклучи на размената на обвинувања меѓу Украина и Русија во врска со нуклеарната централа Запорожје.

Да потсетиме, Русите и Украинците меѓусебно се обвинуваат за гранатирање и ракетирање на областа на нуклеарната централа.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер денеска изјави дека „борбите во нуклеарната централа се опасни“, додавајќи дека руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа Запорожје на почетокот на војната, треба да ја предадат „целосната контрола“ на нуклеарната централа во Украина.

Таа рече дека САД внимателно ја следат ситуацијата околу Запорожје и додаде: „За среќа, сензорите за радијација досега не покажаа никакви индикации за зголемени или абнормални нивоа на радијација“.

Жан-Пјер тврди дека Америка е запознаена со извештаите за рускиот третман на персоналот на нуклеарната централа и додаде: „Им честитаме на украинските власти и оператори за нивната посветеност на нуклеарната безбедност под овие тешки околности“.

Европските складови за гас ќе бидат полни до зимата за десет пати повисока цена од лани

Европските земји веројатно ќе успеат да ги наполнат своите складишта за гас пред зимата како што е планирано, но трошоците ќе изнесуваат повеќе од 50 милијарди евра, десет пати повеќе од просечните трошоци за полнење од претходните години.

Европските влади стравуваат дека намалувањето на руското снабдување преку главниот гасовод - Северен тек 1 - ќе предизвика големи проблеми за Германија и другите земји во нивните напори да ги наполнат подземните складишта за гас. Сепак, се чини дека Германците успеваат да ги пополнат со комбинирање на намалување на побарувачката, користење на некои електрани на јаглен и зголемување на увозот на течен природен гас (LNG).

Просечното ниво на искористеност на европските складишта за гас минатата недела било 70,5%, според податоците на Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ). Европската унија планира до 1 ноември да има капацитет од 80 отсто за да обезбеди резерви за зимските месеци со почетокот на најголемата побарувачка. ЕУ, исто така, постави привремени цели за секоја земја и за секој месец.

Германија, која е најтешко погодена од намалениот проток на гас од Русија, е поамбициозна и има намера да наполни 95% од складиштата до ноември. Тоа е помогнато од зголемениот увоз на ЛНГ. Се проценува дека ЕУ увезла 21,4 милиони тони ЛНГ во првата половина од годината. Лани во истиот период увезла 8,2 милиони тони.

Во јуни, за прв пат во историјата, придонесот на американскиот ЛНГ во снабдувањето со гас во Европа бил поголем од гасот од Русија.

Иако Европа е на добар пат да ги исполни целите за капацитети за складирање гас, аналитичарите предупредуваат дека нејзината зависност од рускиот гас е далеку од завршена и дека Европа останува зависна од тоа колку студена ќе биде зимата и колку руски гас ќе тече кон Европа до напролет. . Неизвесноста во двата случаи веројатно ќе ги задржи цените високи дури и ако залихите продолжат да растат во текот на следните месеци.

Аналитичарите и индустриските експерти предупредуваат дека полнењето на складиштата до целните нивоа би било невозможно доколку Русија целосно го прекине снабдувањето на Германија преку гасоводот Северен тек 1. , додека цените достигнаа рекордни нивоа.

Цената на гасот во холандскиот центар ТТФ, кој е репер за Европа, од почетокот на годината е речиси тројно зголемена поради забавувањето на испораката на руски гас преку Северен тек 1 и намалениот светски пазар. Ова е причината зошто купувањето гас на големо е скапо.

Се смета дека хипотетичката замена на Северен тек 1 во текот на зимата со гас од други извори, а врз основа на идните цени на ТТФ за зимската сезона, би ја чинела Европа повеќе од 50 милијарди евра, околу 10 пати повеќе од просечната цена во изминатите години.

притисни ентер