Од утре кризна состојба на дел од територијата на државата заради транзитирање на мигранти

Владата донесе одлука за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, односно од 2 јули, а со тоа се активира и главниот штаб при центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање

Инаку, Владата донесе одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови.

Мицкоски и Ковачевски ги промовираа своите први спотови во кампањата

На официјалниот старт на кампањата за парламентарните избори лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоскии Димитар Ковачевски  ги промовираа своите први спотови во кампањата

Стартува кампањата за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8-ми мај. ВМРО – ДПМНЕ камапњата традиционално вечерва ќе ја старува со митинг од Oхрид, додека СДСМ и коалицијата за европска иднина стартот на камапњата за парламентарните избори ќе ја започнат денеска напладне од Музејот на современата уметност во Скопје, каде свое обраќање ќе има партискиот лидер Димитар Ковачевски..

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

притисни ентер