Од утре гарантирана цена и за безалкохолните пијалаци - Канал 5

Од утре гарантирана цена и за безалкохолните пијалаци

Донесена одлука и за намалување на профитните маржи кај овошјето и зеленчукот

Од утре гарантирана цена и за безалкохолните пијалаци

Гарантираната цена, освен кај прехранбените производи, од утре ќе важи и за безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото. Покрај оваа одлука, денеска Владата на седница донесе одлука и за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот. Со ова се очекува намалувањето на цените да биде од 10 до 30 проценти.

Одлуката за намалување на цените, како што објави попладнево премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, денеска ќе биде објавена во „Службен весник“ и од утре стапува на сила.

Ковачевски смета дека има доволно време да се направи корекција на цените.

-Кога се работи за зголемување на цените, тие може преку ноќ да се зголемат, така што истото тоа може да биде направено и за намалувањето на цените, рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владата

Производителите на безалкохолни пијалаци и на вода, како што посочи Ковачевски објавувајќи ги денешните одлуки, самоиницијативно се приклучиле кон мерката „гарантирана цена“.

Највисоките цени на овие производи, со исклучок на енергетските пијалоци, се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 19 септември, а трговците на мало се должни да ги сменат цените на овие производи и да ги одбележат со натписот „гарантирана цена“.

„Гарантираната цена“ за сите овие производи ќе важи до 30 ноември.

Претходно, Владата веќе овозможи 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната и месната индустрија да се намалат за најмалку 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август.

Во однос на овошјето и зеленчукот денеска е донесена одлука за определување на највисока трговска (профитна) маржа. Во трговијата на големо таа се утврдува во вкупен износ до 10 проценти, а во трговијата на мало во износ од 15 проценти.

- Пред нас следат одлуки за намалување на увозните давачки на свеж зеленчук, ориз, портокали, лимони, мандарини, како и намалување на царинските стапки на млечните производи со масленост над 10 проценти. И ова се одлуки кои ќе бидат донесени во текот на наредните денови, објавени и спроведени во пракса, рече Ковачевски.

Очекува дека со овие мерки ќе се стабилизира инфлацијата до крајот на годината.

- Тоа веќе се покажа со зголемувањето на платите во јули годинава, кога беше надминато зголемувањето на инфлацијата. Со септемвриските покачувања за 10 проценти на платите, како и линеарното зголемување на пензиите согласно со методологијата која беше утврдена во текот на изминатиот период очекуваме двоцифрената инфлација да падне на 8 проценти, а за храната да достигнеме до 5 проценти, рече Ковачевски.

Апелираше до трговците и до големопродавачите да ги почитуваат мерките, а граѓаните да алармираат до Државниот пазарен инспекторат за сите неправилности доколку ги воочат.

YouTube video

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

- Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада

Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на Армијата на САД и роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој наполни 79 години, јави ДПА.

Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

„Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

„Американците се храбри луѓе кои ја сакаат демократијата и нема да седат настрана додека администрацијата на Трамп го внесува нашиот Устав во машина за сечење - ниту пак ACLU ќе седи настрана“, се потенцира во соопштението.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија и како одговор на интересот на САД за регионот, јави ДПА.

Двајцата лидери ќе разговараат со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, за безбедноста во Северен Атлантик и Арктикот, како и за развојот на економијата, климатските промени и обновливите извори на енергија.

Посетата доаѓа неколку часа пред учеството на Макрон на Самитот на Г7 во Алберта, Канада, каде што ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп.

Тензиите се зголемени откако Трамп повторно ја актуелизираше идејата за американско преземање на Гренланд. Данска и Гренланд тоа категорично го отфрлија.

притисни ентер