Од утре до недела променливо време, со дожд и пад на температурите

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре до недела ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Во Скопската Котлина ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Дали превирањата во ДУИ може да предизвикаат потрес во владата?

Дали и какви последици ќе има расколот во ДУИ на политичката сцена, но и во Владата?

Овие дилеми повторно се отворија во јавноста откако дваесетина високи функционери на ДУИ пред два дена преку писмо до јавноста изразија револт од партиската политика и го вперија прстот кон Артан Груби.

Дел од аналитичарите не очекуваат тектонски пореметувања во Мала Речица. Според аналитичарот Алберт Муслиу иако револтот доаѓа од влијателни личности во ДУИ, сепак крајниот збор таму го има Али Ахмети кој вчера индиректно застана во одбрана на Груби. Муслиу не верува дека ваквите случувања во ДУИ се закана за опстанокот на владата, ниту пак парламентарното мнозинство.

-Не е првпат ова да се случува, имаше вакви обиди двапати при формирањето на Владите, секако тука носители беа двајца високи функционери на ДУИ, Изет Меџити и Блерим Беџети кои пак беа најуспешните и на минатите избори. И секако дека тоа незадоволство за нерефликтирање на позициите кои се поделија согласно гласовите кои ги собрале, го изразуваат на овој начин и не гледам ништо драматично во тоа. Не верува дека ова ќе оди во крајност да се заврши со формирање на партии, затоа што хомогенот на целиот процес сепак е Али Ахмети и не верувам дека би се одлучила групата да оди во тој правец. Не верувам дека ќе оди до таа мерка дека ќе се ризикува коалицијата помеѓу ДУИ и СДСМ и дека пратениците кои се незадоволни ќе одат до таа крајност да рушат Влада, вели Муслиу за Канал 5.

По писмото на незадоволните членови на ДУИ, кои во јавноста добија назив „огнена група“ се појавија информации дека за мир во Мала Речица може да биде жртвувана позицијата на министерот Бујар Османи. Тој пак денеска како лажни ги отфрли ваквите тврдења.

-Ги видов коментарите, тоа се глупости кои не заслужуваат коментар. Тоа е лажна вест и шпекулација која не заслужува коментар и нема никаква основа. Во ДУИ има голема внатрешна демократија и секој има право да каже свој став, а последниот збор го има Ахмети. Тој вчера го кажа својот став и тука завршуваат сите дебати во ДУИ и си продолжуваат сите со своите ангажмани. Јас не би можел ништо да додадам повеќе, рече Османи.

Лидерот на „интегративците“ Али Ахмети, коментирајќи го писмото на неговите сопартијци вчера даде индиректна поддршка за вицепремиерот Груби и порача оти партијата има воспоставено стабилни структури, кои можат да функционираат дури и без него. Според Ахмети, ова не е нешто ново и внатрепартиските превирања ги оцени како вредности на демократијата на кои и тој инсистирал веќе 20 години.

Реков дека ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка“, изјави Ахмети.

За превирањата во ДУИ засега нема коментар од првиот вицепремиер Груби, а и групата незадоволни остануваат на кажаното во писмото.. на него потпишани беа двајца пратеници, Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику, како и заменик-министер и двајца градоначалници..

Македонија нема да ги признае резултатите од руските референдуми во Украина

Македонија нема да ги признае руските референдуми во Украина бидејќи со нив не се урива само меѓународното право, туку и безбедноста на глобално ниво - вели шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

На брифинг со новинарите, тој изрази и загриженост што дел од граѓаните во земјава ја оправдуваат руската агресија, нешто што според него е против националните и државни интереси на Македонија како земја членка на НАТО. Османи истакна дека за земјава не постои никаква директна закана од соседството, но дека ваквите преседани го ставаат светот во ризик од нови војни и конфликит и токму затоа е важно Украина да победи.

-Многу е важно Украина да победи во оваа војна. Нема да признаеме никакви референдуми ниту резултати од такви референдуми. Ме чуди што 25 посто македонски граѓани сметаат дека руската агресија врз Украина е оправдана, тоа е против националните и државните интереси на нашата земја.- Бујар Османи – Министер за надворешни работи.

Османи се осврна и на минатонеделното присуство на Генералното собрание на ООН, за кое оцени дека било поинакво од претходните години. Односот и содржината на наративот кон Македонија според него, бележи квалитативна промена, односно од земја која бара поддршка за својата позиција, во земја од која се бара поддршка.

-Тоа е квалитативно важна разлика. Од земја која што обично на тие настани ги претставува своите проблеми, во земја на која што и се претставуваат проблемите на другите земји. И тоа се многу причини, поради тоа. Прво, се разбира нашето членство во НАТО, коешто ја менува веднаш меѓународна позиција на земјата. Второ, е почетокот на преговори. И тоа се забележуваше во Њујорк затоа што третманот го имавме како да веќе сме земја членка на Унијата,- Бујар Османи – Министер за надворешни работи.

Османи нагласи и дека тоа што за време на генералното собрание на ООН во Њујорк терминот за нуклеарна војна станал секојдневие во политичкиот дискурс, е опасно само по себе. Според него, тоа е прекин на психолошка бариера која светот го доведува чекор поблиску до таква можност и тоа треба да е алармантно.

БЕГ „крева раце“ од парното - ќе останат ли скопјани со ладни радијатори?

Дали скопјани ќе останат со ладни радијатори, откако БЕГ најави дека нема да го пушти парното во Скопје?

Од компанијата контра вицепремиерот Битиќи – тврдат дека ниту имаат законска обврска ниту имаат можност да испорачуваат топлинска енергија.

Договорот за закуп на топланите со „Адора“ веќе им бил раскинат, а договорот со ЕСМ истечен.

Пред владата е Катерина Капкоска.

Кате, вистинска паника предизвика најавата од БЕГ, дали има некаков одговор од Владата и од регулаторна, кои досега сметаа на услугите на компанијата?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер