Од утре армијата се распоредува во здравствените објекти каде е потребно, се очекува одлуката

Армијата се очекува од утре да се вклучи во обезбедување на здравствените институции кои тоа ќе го побараат. 

Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во Скопје, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес…

-Вчера го донесовме нашето барање како Влада и тоа е испратено до претседателот. Утрово имаше средба и договор на Оперативнот штаб на МВР и АРМ и очекувам во текот на денешниот ден претседателот, како врховен командант, да даде зелено светло и дека практично уште од утре целосно да фнкционра, најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со британската амасадорка Рејчел Галовеј.

Појасни дека ваквата заштита ќе функционира исклучиво на барање на здравствените установи и дека тоа не е одлука што ќе ја носи полицијата или армијата, туку ќе биде барање на здравствените институции и одговор на нивното барање.

-Подготвен е список од Министерството за здравство и по иницијатива на секоја од интитуциите ќе почнеме со распоредување на силите. Ќе бидат опфатеи најгоелмиот дел од клиниките во Скопје и најголемите болници како „8 Септември" и другите во градов и во поголемите центри, како Тетов, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес. Сите што покажале потреба ќе добијат поддршка, истакна Шекеринска.

Додаде дека тоа ќе го направат на локално ниво со минимум трошоци. – Она кога кажуваме дека треба да инвестираме во одбрана сега може да видиме дека е така. Инвестираш во мирнодопски услови, за да можеш да се потрепреш во време на криза. Системот покажува дека може да му се верува и дека е тука и кога е најтешка ситуацијата, потенцира министерката за одбрана.

Целта на ангажирањето на армијата, како што појасни, е да се овозможи секоја болница, секоја клиника во Скопје да може да смета дека докторите, медицинските сестри и пацинетите се заштитени и дека тоа е работа на полцииајта и армијата сега.

Наведе дека без прогласување на кризна состојба таа поддршка не беше возможна или ќе беше незаконска. Согласно Уставот и нашите законски одредби, армијата не може да биде употребена во услови надвор од криза, вонредна или воена состојба. И една од причините, како што рече министерката, зошто дадовме предлог за кризна состојба, е дека во вакви услови може да ги коритиме армиските сили заради обезбедување ред и поголема дисциплина и организација околу здравтвените организации.

Трајанов: Ситуацијата е во критична фаза, ЕУ немоќна да ја разреши ситуацијата

Ситуацијата е во критична фаза, ЕУ немоќна да ја разреши ситуацијата, клучно е да не се рашири конфликтот.

Ситуацијата на Косово е во критична фаза по вина и на Белград и на Приштина, смета лидерот на Демократски сојуз и поранешен министер за внатрешни работи Павле Трајанов.

Тој цени дека Брисел нема механизам да ги натера да го спроведат договорот но клучно е вели тој конфликтот да не се прошири.

Целиот разговор на Михаела Димовска со првиот човек на Демократскиот сојуз Павле Трајанов погледнете го во видеото.

Османи: Седумтемина наши државјани од Бањска, Косово се враќаат дома

Седумте македонски државјани, меѓу кои и дете, кои беа заглавени на Kосово утрово безбедно се вратени дома, информираше министерот Бујар Османи.

Како што претходно соопштија од МНР тие биле сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде што се случи вооружениот судир... Според Османи, низ целиот процес, косовските служби ја гарантирале безбедноста на нашите државјани, а македонската амбасада во Приштина била во постојан контакт со нив.

- По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи вооружениот напад врз полицијата. Во текот на вчерашниот ден косовската полиција беше веднаш соодветно известена за оваа ситуација по редовните канали, а јас лично разговарав и со мојата колешка Доника Гервала – Шварц, стои во објавата на шефот на дипломатијата.

Осуда за убиството на косовскиот полицаец и загриженост за состојбата на северот на Косово изразија и македонската Влада и премиерот Ковачевски.

Според министерката за одбрана Славјанка Петровска безбедносната состојба во Македонија е стабилна, а инцидентите во Косово немаат директно влијание кај нас, иако според неа не е едноставно кога во регионот има вооружени напади. Заедно со нејзиниот норвешки колега Бјорн Арилд Грам ги осудија инцидентите и повикаа Белград и Приштина интензивно да работат на дијалогот додека тоа не биде предоцна.

- Инцидентот и тоа што се случува таму нема директно влијание и од информациите со кои досега располагаме и кои ги разменуваме не влијае на загрозување на безбедноста на нашата држава. Тоа го гарантира и фактот дека сме земја членка на НАТО и тоа што изминатиов период вложуваме многу во одбраната. Меѓутоа, се разбира, секоја од институциите во Македонија има обврска да придонесе за нашата национална безбедност, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Нападот во Косово на социјалните мрежи го осуди и претседателот на ДУИ, Али Ахмети нарекувајќи го сериозна провокација со однапред смислена агенда која може да има регионални последици ако не се управува со ладнокрвност и мудрост.

Албанските опозициски партии Алтернатива, БЕСА и Демократско Движење, пак, како единствено решение за мир во регионот предлагаат Косово што поскоро да стане членка на НАТО за да не се случи, како што велат, втора Украина на Балканот.

Поставени лед светлосни дигитални знаци на дел од скопските улици

Безбедноста во сообраќајот за сите учесници е еден од приоритетите на градот Скопје, а зголемувањето на истата е дел од програмата “За Модерно Скопје”  и од инфраструктурните проекти кои се реализираат во градот. 

Отпочнавме со проект за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на локации на кои во минати години имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста. Поставени се нови знаци на бул. Партизански Одреди кај пазарчето во Ѓорче Петров, на булевар Метрополит Теодосиј Гологанов кај Алумина, и на булеварот АСНОМ.

ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фрекфентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот.

ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60% што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие лед сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70%.

Контрастот на клучните информации на Лед сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови е зголемен за 35%. Со овој вид сигнализација функцијата за предупредување е значително подобрена и истата има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Град Скопје

притисни ентер