Од страв од ширење на коорнавурус наредено затворање на Ријад, Мека и Медина

Кралот Салман бин Абдулазиз Ал Суад издал налог за забрана за влез и излез од Ријад,Мека и Медина за да се спречи ширењето на новиот вирус Ковид -19.

Наредбата за затворање на главниот град Ријад и светите градови мека и Медина стапува на сила веднаш од денеска . Забраната вклучува  мерка недозволено движење на граѓаните од сите 13 регии на Саудиска Арабија од една во друга.

Тринделениот полициски час кој беше воведен на почетокот на неделата со новата уредба се заострува во Ријад, Мека и Медина , во овие три града полицискиот час ќе започне уште во 15 часот, наместо како досега во 19 часот, пренесе Саудиската информативна агенција СПА.   

притисни ентер