Од средбата со Петков, Ковачевски очекува враќање на довербата низ дијалог

Премиерот на Бугарија ја најави посетата, и ќе дојде во нашата држава, очекувам враќање на довербата низ дијалог. 

За претстојната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков, мандатарот Ковачевски, во интервју за Телма, рече дека резолуцијата донесена од македонското собрание ќе биде почитувана, а дека очекува работните групи да работат на инсфраструктурна и економска соработка.

„Премиерот на Бугарија ја најави посетата, и ќе дојде во нашата држава, очекувам враќање на довербата низ дијалог. Разговорот треба да го водиме гледајќи кон иднината, кон економската и културната соработка на двете држави“, вели Ковачевски.

Уште една смрт на критичар на Путин: Загина познат руски пејач по мистериозен пад од прозорец

Рускиот кантавтор Вадим Стројкин, кој јавно се изјасни против војната на Путин во Украина, денеска паднал од прозорец за време на рација на безбедносните служби во неговиот стан, објави проектот за човекови права ОВД-Инфо.

Според достапните информации, Стројкин починал на местото на настанот, пренесува независниот руски портал Медуза.

Руските медиуми јавуваат дека полицајци го посетиле домот на Стројкин како дел од истрагата против него за наводно финансирање на вооружените сили на Украина.

Според рускиот телеграмски канал Mash na Moike, за време на испрашувањето, Стројкин побарал да оди во друга просторија, каде брзо го отворил прозорецот и скокнал.

„За време на истрагата, човекот најде изговор да оди во друга соба, каде брзо го отвори прозорецот и презеде неповратна акција“, објави Mash on Moike, сугерирајќи дека се работи за самоубиство.

Рускиот истражен комитет отворил истрага за околностите на смртта на Стројкин, јавуваат руските медиуми.

Стројкин и претходно јавно ја критикувал руската инвазија на Украина. Во 2022 година, тој објавил порака на социјалната мрежа ВКонтакте во која се противи на војната што ја започна Кремљ.

Георгиев: Францускиот предлог не е проблем меѓу Скопје и Софија, туку меѓу Брисел и Македонија

Спроведувањето на францускиот предлог ќе биде строго следено, вели шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев.

Спроведувањето на францускиот предлог ќе биде строго следено, вели шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, според кого, тоа не е билатерално прашање меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Македонија..

„Во однос на дебатата за подготвеноста на ЕУ со оглед на идните процеси за проширување, Бугарија има свои позиции и таа не поддржува било какви и да се разговори во однос на промена на договорите на ЕУ кои ги сметаме за апсолутно незаобиколив дел за продолжување на тие процеси.

Во 2022 година постигнат е европскиот консензус (францускиот предлог) кој строго ќе се следи. Секоја земја мора да ги почитува критериумите, да се придржува до нив. Членството во ЕУ се заснова на сопствените заслуги. Бугарија и владата остануваат апсолутно цврсти и посветени на овој пристап.“

Гостин влегол во хотелска соба во Холандија и се шокирал- на подот лежело чудно животно (ФОТО)

Необична приказна е снимена во холандски приморски хотел, откако вознемирен гостин се симнал на рецепција и пријавил „натрапник“ во неговата соба.

Збунетите работници решиле да проверат што се случува и биле шокирани од сцената, пренесува UPI.com.

Приказната се појави на социјалните мрежи, каде што е наведено дека персоналот на хотелот, на почетокот, не можела да поверуваат што се случува.

Кога стигнале во собата, нашле преслатка сива фока како дреме на подот! Тие веднаш повикале експерти за диви животни да ја вратат во природното живеалиште.

Сведоците на надреалниот настан велат дека фоката била „вознемирена бидејќи ја разбудиле“, но дека безбедно била ставена во кошница и пренесена на морскиот брег.

„По истрагата, најдовме трага на плажата и сфативме како таа стигнала до собата. Нашиот тим е доволно вешт да ја премести фоката на безбедно, потивко место. Гостите на хотелот доживеаја авантура која никогаш нема да ја заборават“, се вели.

притисни ентер