Од среда полициски час од 16 часот, за викенд Mакедонија под целосен карантин

Владата ги заостри мерките за движење на граѓаните на целата држава, од среда па секој следен работен ден луѓето нема да излегуваат од своите домови од 16 до 5 часот следниот ден. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Иран се закани дека каква било акција против него ќе наиде на сериозен одговор

Иран ќе одговори на какви било активности против неговите интереси, рече претседателот Ебрахим Раиси, еден ден откако Израел предупреди дека ќе одговори на нападот извршен од Техеран минатиот викенд со беспилотни летала и проектили.

„Категорично изјавуваме дека и најмалата акција против иранските интереси сигурно ќе наиде на сериозен, широк и болен одговор за секој сторител“, му рече Раиси на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.

Началникот на израелската армија Херзи Халеви вчера изјави дека иранскиот напад врз Израел, како одмазда за бомбардирањето на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, бара одговор.

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери Кани изјави на државната телевизија доцна синоќа дека контраофанзивата на Техеран, по каков било израелски одговор, ќе дојде „во рок од неколку секунди, имајќи предвид дека Иран нема да чека 12 дена за да реагира“.

Оружарката од филмот „Rust" осудена за убиството на Халин Хачинс

Оружарката од филмот во кој глуми и актерот Алек Болдвин,  „Rust"  Хана Гутиерез-Рид е осудена на 18 месеци затвор за смртта на Халин Хачинс. 

Инаку, Хана беше прогласена за виновна за убиство од небрежност во март, а казната што и е изречена денеска е најтешката казна досега во правниот спор околу смртта на Хачинс, односно трагедијата на сетот на филмот „Rust". Случајот се уште е далеку од завршен, пишува The Guardian.

Судењето на Алек Болдвин, кој беше копродуцент на филмот покрај главната улога, е закажано за 10 јули, откако големата порота го прогласи за виновен за убиство од небрежност.

Шолц: Не сите студенти во Германија пушат канабис

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговараше со кинеските студенти на Универзитетот Тонги во Шангај, притоа уверувајќи ги дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговараше со кинеските студенти на Универзитетот Тонги во Шангај, притоа уверувајќи ги дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија и оти таа супстанција е легализирана со надеж дека потрошувачката ќе се намали.

Oд 1 април oвaa година, на лицата со над 18 години во Германија им е дозволено да поседуваат и носат 25 грама канабис за консумирање. Уште повеќе, љубителите на хашиш сега можат да одгледуваат три растенија канабис во своите домови и да складираат до 50 грама сушен канабис.

На прашање на студент - дали тој ќе мора да пуши канабис ако одлучи да студира во Германија, Шолц одговори дека не сите студенти во Германија земаат полесни опојни дроги.

- Ние не сакаме повеќе луѓе да користат канабис, туку сакаме помалку луѓе да го прават тоа. Сакаме повеќе јавна едукација за тоа. Одговорот е едноставен: Не пушете. Јас оваа година ќе полнам 66 години и никогаш не сум пушел канабис, изјави Шолц.

Канцеларот е во официјална посета на Кина, каде што денеска во Пекинг ќе има средби со раководството на земјата. Според податоците на германското Министерство за здравство, во 2022 година, околу четири милиони луѓе во Германија конзумирале канабис.

притисни ентер