Од утре - САМО ВИСТИНА и САМО ИНТЕРВЈУ повторно во потрага по вистинољупците

ОД УТРЕ ВО 18:30 

​Најдобрите, најгледаните, и највлијателните, се враќаат на медиумскиот "Вембли"!!!

Започнува новата сезона на САМО ВИСТИНА И САМО ИНТЕРВЈУ!!!

САМО ЗА ВАС, ВИСТИНОЉУПЦИТЕ, уште во првата недела, на жешките столчиња ќе ги седнеме : Христијан Мицкоски, Сашо Ордановски, Солза Грчева, Илија Димовски, Љупчо Зиков, Горан Милевски, Борислав Крмов и Зоран Димитровски.

Фаќајте место пред телевизор!!!

СДСМ: На Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба

Губитникот Христијан Мицкоски ја предводеше својата ВМРО-ДПМНЕ во шест порази на сите изборни соочувања со граѓаните во последните четири години.

Очигледно после сите порази на Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба, за да си ја зачува својата фотелја во Белиот дворец.

Колку е релевантна последната анкета говорат податоците што истиот институт прогнозираше победа на Мицкоски и на локалните и на парламентарните избори.

Ова покажува дека Мицкоски се уште функционира по методите на неговиот ментор Груевски, кој 11 години со нарачани анкети манипулираше со јавното мислење.

Од друга страна граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, на локалните избори во Штип како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести и работат против интересите на својот народ и својата држава.

Граѓаните континуирано бираат развој, напредок, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Мицкоски може да си нарачува и да пласира лажни анкети за сопствени потреби колку сака, реалноста говори дека тој со ваквото однесување уште долго останува во опозиција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Скандал во Бундестагот: Пратеник од власта правел профит од заштитни маски

Никола Либел, член на Бундестагот од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, денеска најави оставка и напуштање на политиката.

Либел се повлече откако било откриено дека неговата приватна компанија остварила профит од трговијата со маски на почетокот на пандемијата на корона вирусот.

Критиките денеска пристигнале од опозициските партии, но и од неговите сопартијци, бидејќи било откриено дека неговата приватна компанија заработила 250.000 евра од трговија со заштитни маски на самиот почеток на пандемијата, објави АП.

Мексико среде пандемија е преполно со туристи, најмногу од САД и Европа

2020 година беше катастрофална за туризмот . Но, една земја успеа да се искачи на скалата на популарност кога станува збор за туристички посети: Мексико го достигна глобалното трето место според бројот на туристи среде пандемија, пишува Дојче Велe.

Авиони од целиот свет слетуваат и полетаат на меѓународниот аеродром во Канкун на секои пет минути. И така е од средината на декември. Ова мексиканско одморалиште на карипскиот брег е на врвот на сезоната.

Луфтханза, исто така, ја обновила својата маршрута од Франкфурт до одморалиштето во октомври, и покрај строгите правила за патување за време на корона кризата. На плажата, преполна со капачи од Европа и Северна Америка, пред Пирамидите на Маите, повторно се формираат огромни редици. Хотелиерите и угостителите се задоволни.

За многу туристи, песочните плажи и тиркизното море се јасно примамливи за да ја сокријат реалноста дека единиците за интензивна нега во мексиканските болници се пренатрупани, бројот на новоинфицирани расте секојдневно, а досега повеќе од 174.000 луѓе починале од инфекција со коронавирус. Причините за ваквиот брз развој на туризмот во Мексико се повеќекратни. Од една страна, Мексико никогаш не ги затворило своите граници ниту бара негативен тест за корона при влез во земјата. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор е еден од оние политичари кои ги одбиваат мерките за затворање за да не и наштетат на економијата. Друга причина се мексиканските емигранти кои масовно ја посетуваат својата татковина за време на Божиќ и со тоа се грижат за зголемувањето на бројот на туристички посети.

Во државата Квинтана Ру, каде се наоѓа Канкун, гувернерот наредил задолжително носење маски. Покрај тоа, ова одморалиште на Карибите се наоѓа на само три до четири часа лет од дестинација во Северна Америка, од каде доаѓаат најголемиот број странски гости во Мексико. Колку е летот пократок, толку се помали шансите за инфекција во авионот.

Но, многу лекари во Мексико ја гледаат оваа отворена политика во туристичкиот сектор како еден од главните виновници за зголемувањето на бројот на нови инфекции во туристичките региони. Епидемиолошката состојба во овие региони се влошила од февруари, но ситуацијата е многу поповолна отколку во жариштата во и околу Мексико Сити.

притисни ентер