Од полноќ за денар ипол поевтини бензини

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги намали цените на бензините. 

Од полноќ за денар ипол поевтинува Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,152 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 45,757 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 72,5 денари.

Фото: Северина во костим за капење, обожавателите го пофалија нејзиниот изглед

Северина (52) не престанува да објавува фотографии од одморот. Сега таа позираше на брод во сребрен костим за капење.

Во описот таа го стави текстот на песната на Ѓорѓе Балашевиќ : "Život je more, pučina crna / po kojoj tonu mnogi što brode... / Nije mi srce plašljiva srna, / ja se ne bojim velike vode..."

Следбениците има само пофални зборови за нејзините фотографии. „Вистинска бомба од жена“, „Убава жена во секоја верзија“, „Совршена“, „До кога ќе бидеш вака жешка“, „Убава си“, се само дел од коментарите.

Видео: „McLaren P1“ направен од „Lego“ коцки

Сигурни сме дека никогаш досега не сте виделе вакво нешто.

„McLaren“ и „Lego“ се здружија за да создадат целосно функционален „McLaren P1“ направен целосно од „Lego“ коцки.

Овој уникатен модел е составен од точно 342.817 елементи на „Lego Technic“, а на него работеле 23 луѓе.

Примерокот има целосно функционален електричен погон и контролен систем, а беше тестиран на патеката Силверстоун.

Зад воланот беше Ландо Норис, кој вози за Формула 1 тимот на „McLaren“, но неговото време на круг не е објавено.

Извор: Б92

Осуда од Г7 за испраќањето ирански балистички ракети во Русија

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 „најостро“ го осудија испраќањето ирански балистички ракети во Русија.

- Иран мора веднаш и целосно да ја прекине својата поддршка за нелегалната и неоправдана војна на Русија против Украина и да го запре таквиот трансфер на балистички ракети, беспилотни летала и слични технологии, се наведува во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија и Италија. Јапонија, Велика Британија и САД.

Според Г7 оружјето со кое Техеран ја снабдува Москва „претставува директна закана за украинскиот народ, како и за европската и меѓународната безбедност“.

Претходно оваа недела, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Русија добила балистички ракети од Иран и дека најверојатно ќе ги употреби во рок од неколку недели, а САД, Германија, Велика Британија и Франција воведоа нови санкции за Техеран.

Москва и Техеран ги отфрлија обвинувањата на западните сојузници./МИА

притисни ентер