Од Париз и од Вашингтон порака дека Македонија заслужува почеток на преговори со ЕУ

Може ли до неодамна најжестокиот противник на проширувањето, да стане клучна фигура за одблокирање на македонските евроинтеграции?

Францускиот претседател Емануел Макрон, синоќа пред Елисејската палата испрати јасна порака дека Македонија повеќе не треба да остане во чекалната на Европската Унија. Во изјавата пред средбата со премиерот Заев, нагласи дека активно ќе го поддржи изнаоѓањето решение со Бугарија.

-Ние одлучивме да ги отвориме преговорите за членство со вашата земја во месец март 2020, но, сега дојдено е време да се конкретизира таа одлука, а покасно ќе зборуваме за начините како да се постигне тоа. Јас сум подготвен активно да го поддржам изнаоѓањето на компромис со Бугарија. Во однос на вашите реформи кои беа спроведени под ваше водство од 2017 година, вашата земја заслужува да ги почне без чекање преговорите за членство. Франција ќе биде внимателен партнер и одблиску ќе ги следи работите. , изјави Емануел Макрон, претседател на Франција

Премиерот Заев од своја страна повтори дека предлозите на португалското претседателство се добра основа за решение, потенцирајќи дека верува оти Франција може да биде мотор на проширувањето на земјите од Западен Балкан.

-Пред нас е самитот на Европскиот Совет во јуни што е вистинска шанса да се отргне блокадата на нашиот европски пат. С.Македонија е подготвена за дијалог кој ќе ни донесе прифатливо решение во рамките на Договорот за пријателство со Бугарија. Тоа значи дека прашањето за македонскиот јазик и македонскиот идентитет не треба да се најдат на преговарачката маса, нагласи Зоран Заев, претседател на владата

Дали и колку изјавите на Макрон се вовед во засилен дипломатски притисок врз Софија, останува да се види во деновите што претстојат до 22 јуни. Случајно или не, неколку часа по ставот на францускиот лидер, со експлицитна порака на Твитер се огласи портпаролот на Стејт Департментот, Нед Прајс.

-Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти, напиша Прајс. За поранешниот амбасадор, Благој Зашов, ваквиот след на настани, не можат да се протолкуваат само како коинциденција.

Но, од Бугарија дуваат старите ветришта. Шефот на дипломатијата Светлан Стоев, како што пренесоа бугарските медиуми, денеска му предочил на чешкиот колега Кулханек дека позицијата на Софија кон земјава останува непроменета, откако чешкиот дипломат ја истакнал позицијата дека Македонија треба да ги почне преговорите уште месецов.

Лицето на ова девојче го избезуми жирито (видео)

 Никој не го очекуваше она што се случи, во студиото завладеа тишина! 

Сè падна во втор план кога таа заблеска.

Танцот е еден од најстарите начини на изразување емоции. Танцовите жанрови исто така се менувале низ историјата на човештвото. Бројните натпревари се можност танчарите да ги покажат своите вештини. На еден од бројните натпревари се појави девојче од едвај 10 години кое го воодушеви жирито со своите танцувачки вештини.

Меѓутоа, во желбата да биде поинаква и забележана, ова девојче прибегнало кон драстичен трик, па своето лице за настап го нашминкало како да оди на Ноќта на вештерките. Кога таа се појавува на сцената со нашминканото лице, сите занемуваат, особено членовите на жирито.

Десетгодишната Сидни Абот најпрво се претставува пред жирито облечена во тренерки, а со првите звуци на музиката ги соблекува и останува во црно трико. Нејзиниот настап е проследен со музика како од хорор филмовите, а таа со своите танцувачки вештини како да сака да евоцира сцена достојна за најстрашните хорор филмови. Судејќи по реакциите на членовите на жирито, но и на публиката во студиото, малата Сидни успеа во тоа.

@gottalentglobal Don't Let Her Cuteness Fool You! #contortionist #creepy #kid #dancer #canadasgottalent #gottalent #howiemandel #LillySingh #TrishStratus #kardinaloffishall ♬ original sound - Got Talent Global

За време на настапот таа изведе неверојатни акробации, па затоа доби громогласен аплауз и од членовите на жирито и од публиката.

Видеото привлече големо внимание на Тикток, а луѓето беа воодушевени од нејзиниот талент.

- Се прашувам како го открила овој талент.

- Земете ја за актерка во хорор филмови.

- Имаш совршен талент!

- Дали само јас се преплашив од ова?

- Ова е претерано за мене, особено затоа што се работи за мало девојче.

- Танцот е совршен, но ваквата шминка е претерана, не би сакал да ја сретнам во некоја темница.

-Би сакала да ги видам нејзините родители и да знам зошто дозволуваат едно дете да настапува облечено и нашминкано вака.

- Ми треба за скриена камера - беа дел од коментарите.

Многумина признаа дека целото шоу го изгледале во еден здив. Иако многумина забележале дека девојчето е многу младо и има огромен талент, сите се согласиле дека „ѕвездата е родена“. Но, имаше и такви кои веруваат дека на децата не им се потребни вакви изведби и дека родителите не треба да ги насочуваат кон вакви работи, дури и да се работи за уметничко изразување.

Бебе од речиси една година плива и нурка како професионален ватерполист (видео)

Снимка што го одзема здивот.

„Таа веќе излегува од вода со сиот сјај на познатите спортисти“!

Во првите месеци од животот, бебињата инстинктивно рефлексно ја затвораат устата и го задржуваат здивот кога ќе се најдат под вода. Овој рефлекс се нарекува „рефлекс на пливање“ и им помага да преживеат во вода. Сепак, бебињата не нуркаат свесно како возрасните. Ако бебето случајно заврши под вода, неговиот природен рефлекс ќе го заштити од голтање вода.

Според експертите, бебињата би можеле да почнат да тренираат пливање некаде помеѓу четвртиот и шестиот месец, но тоа може да варира во зависност од индивидуалниот развој на детето и препораките на педијатарот. Важно е родителите да се консултираат со педијатар за да се уверат дека нивното дете е подготвено за оваа активност. Часовите по пливање за бебиња можат да бидат корисни за развивање на моторичките вештини, самодовербата кога се во водата и за јакнеење на врската помеѓу родителот и детето, бидејќи неретко еден од родителите е во вода со бебето.

Едно видео на кое едногодишно девојче плива, нурка, и стои на рацете од својот татко додека позира стана многу популарно. Но, начинот на кој тоа го прави е идентичен со оној на возрасните пливачи кои професионално се занимаваат со пливање.

Бебето без капа и очила за пливање стои на рацете од својот татко и скока главечки во базенот. Таткото кој е тренер, ни за момент не ѝ ги пушта нозете. Малото девојче се нурнува и потоа излегува плескајќи со рачињата. Потоа, грациозно застанува на рацете од својот татко, одржувајќи совршена рамнотежа и позира, па продолжува одново.

Снимката освоила 1.148.000 „лајкови“ на Инстаграм и мноштво коментари.

- Ми се допаѓа како си аплаудира секој пат кога ќе излезе од вода.

- Ова бебе страшно ме инспирира! Малите деца се толку слободни и амбициозни што би требало да учиме од нив како да ја прифатиме таа бестрашност и да се соочиме со препреките во зрелоста.

- Таа веќе излегува од водата со сиот сјај што го имаат познатите спортисти!

- Има целосна доверба во својот татко!

- Најубавото видео за пливање што сум го видел – коментираат корисниците на Инстаграм.

притисни ентер