Од куќа во Тетово украден златен накит

Тетовчанец остане без златен накит вреден околу 7 илјади евра

Според МВР викендов во Тетово, на ул.„Гоце Делчев“, во куќата сопственост на Б.В.(40), непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно делувал на балконската врата од куќата, влегол внатре и по извршено пребарување по собите, одзел разновиден златен накит во вредност од околу 419.620 денари, а потоа го напуштил лице местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Владимир Панчевски денеска сам се пријавил во затворот во Шутка

Екс претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски денеска самиот се пријавил во затворот во шутка, откако по него вчера од страна на МВР беше распишана национална потерница, по наредба на Основниот суд во Велес.

Претходно во три наврати полицијата не успеа да го пронајде Панчевски на посочената адреса по наредбата за негово приведување. Потерницата беше објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Панчевски му одреди 30 дена притвор поради како што посочија отсуство на рочиштето за судскиот предмет „Акмис", во кој е обвинет.

Поплави во Индонезија, стотици раселени, има загинати и исчезнати

Најмалку 16 лица загинале, а неколку стотици се раселени од своите домови заради лизгање на земјиштето и поплавите кои го погодија островот Сулавеси во Индонезија.

Спасувачите се уште трагаат по 23 исчезнати после поплавите кои ја погодија областа Северен Лубу, во Јужен Сулавеси.

На снимките од терен се гледаат оштетени куќи преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е исто така прекриена со кал и остатоци од отпад, пренесе „АП“.

Во изминатите неколку денови, заради обилните дождови се прелеале три околни реки, предизвикувајќи евакуација на преку 650 луѓе, наведуваат локалните власти.

Амбасадорката Брнз на Твитер: Задоволна сум што граѓаните учествуваат во демократски процес

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Брнз се огласи на Твитер за избориуте во земјава. 

-Задоволна сум што ги гледам граѓаните на оваа земја како учествуваат во демократски процес. Тим од амбасадата на САД му се придружува на ОБСЕ, граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидат таму заедно со нив, напиша на Твитер, американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнз.

притисни ентер