Од грозјето „вранец" кое нема да го откупат винариите, ќе се прави алкохолен дестилат

Од грозјето „вранец" кое нема да го откупат винариите, а е со полош квалитет поради лоши временски услови, ќе се прави алкохолен дестилат. 

Но, и сопствениците на тоа грозје ќе ги добијат предвидените субвенции од државата од два плус два денара. Дополнителната мерка, пак, поврзана со алкохолниот дестилат, ќе ја чини Владата речиси скоро два милиона евра.

Ова беше соопштено по денешната работна посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа во Кавадарци. Тој рече дека имал навистина добар состанок со Здружението на лозарите и претставници на дел од винарските визби.

-Ние синоќа до касно заедно со премиерот и економскиот стим во Владата ги разгледувавме сите можни опции како да се излезе во пресрет на оваа новонастаната ситуација со грозјето. Ние мора да изнајдеме решение во делот на тоа како да им се излезе во пресрет на лозарите, но секако имајќи го во предвид и интересот на винарските визби. Тука се мерките предложени досега, што значи тие четири денари субвенции за да се достигне ланската цена на грозјето и поддршката кон извозот на флаширано и наливно вино, која беше како супституција во транспортот. Исто така, и извозот на винско грозје до одредени количини што предвидуваше до 12 милиони килограми два денари, од 12 до 25 милиони килограми три денари и над 25 милиони килограми – четири денари, рече министерот.

Тој информираше дека денеска била претставена и новата мерка.

– Заради квалитетот на грозјето што има под 18 малигани, ние додатно како Влада ќе помогнеме со дополнителни четири денари за тоа грозје чија намена нема да биде за вино, туку ќе биде друга намена како на пример дестилат или концентрат за сокови. Мислам дека веќе имаме решение, ќе се излезе во пресрет. Поголемиот дел од винарските визби кажаа дека можат да ги прифатат количините, соопшти министерот Хоџа.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека околностите на годината што ги имаме и Ковид-19 ситуацијата, но и лошите атмосферски услови со големите дождови во втората половина на август, имаа лошо влијание, особено за сортата „вранец", со слаби малигани или шеќерност на одредени места.

-Онаа мерка што ја предложи Владата, два плус два денари додадени на откупната цена, е одлична мерка. Но дојдовме до официјални информации преку Инспекторатот и Министерството дека има доста количини од „вранец", за кои нема договори со винарски визби. Во разговор со винарските визби увидовме дека тој „вранец" е со полош квалитет, не само во малиганите, туку и кога станува збор за болести, кои произлегуваат од атмосферските влијанија, рече Јанчев.

Министерот, нагласи, е два дена тука и по средбите со него и со заменик министерот Трајан Димковски, успеавме да изнајдeме решение, целокупната количина на „вранец" која нема да биде откупена за вино, да се претвори во алкохолен дестилат во постоечки винарски визби.

-Денеска успеавме со винарските визби да направиме заеднички состанок кој помина во добра атмосфера и со лозарите и со Министерството. Од утре Владата и Министерството треба да направат протоколи за таа работа, за да може од вторник да се отпочне со посебни пунктови за откупување на „вранец" за посебна намена – алкохолен дестилат или концентрат за понатамошни намени, појасни Јанчев.

Само, беше дециден Јанчев, да не му биде намената за вино на тој „вранец".

-Затоа што ако се претвори во вино, ќе има неквалитетно вино и затворање на пазарот на виното и би имале проблеми наредната година. Таа дополнителна мерка од речиси скоро два милиона евра која Владата ќе ја пружи директно за лозарите преку винарските визби, од големо значење е и мислам дека нема да остане грозје на нивите, вишокот ќе се откупи и ќе се преработи во алкохолен дестилат. Тоа е единствен начин каде што може ова грозје да се претвори во трајна суровина и да си најде понатамошна примена, а лозарите на некој начин да бидат задоволни со откупот на тоа грозје за алкохолен дестилат, за кое исто така си важи мерката два плус два денара субвенција по килограм грозје, рече Јанчев./МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер