Од денеска шест меѓуградски линии преку Автобуската станица во Прилеп

Со заштитни мерки, според прописи и инспекциска контрола, од денеска се во функција шест линии во меѓуградскиор сообраќај преку прилепската автобуска станица.

Според раководителот на Автобуската станица Петар Размоски, од 26 мај имаше две линии, од денеска се шест и се применувата сите мерки, а ниспекцијата е редовна.

-Од 6 часот наутро има автобуска линија на „Пелагонија транс" за Струмица, од 6.30 за Скопје, од 7.30, автобус на „Транскоп" Битола за Скопје, од 8.30 автобус на „Галеб-Охрид" е за Кочани и Штип, во 9.30 часот пристигнува автобус на „Авто атом" од Штип преку Прилеп за Битола и Охрид и во 11.40 часот има превоз за Крушево. редовно се врши инспекција на Автобуската станица. Се е под контрола. Неопходни се маски, заштитни средства, дезинфекција. Патниците се на растојание од најмалку 1,5 метри. Според прописите, во автобус најмногу може да има 22 патници, во комби, еден, вели Размоски.

Нусрет Аљароски е превозник на релацијата Кичево-Прилеп.

-Денеска почнавме, имам четворица патници. Добив дозвола од Центарот за јавно здравје. Имам дезинфекција на комбито, според прописите е. Јас и патниците мора да носиме маски, вели Аљароски.

Домника Ѓорческа од Крушево, од почетокот на пандемијата патувала со автомобил на релација Прилеп-Крушево. Денеска првпат ќе се вози со јавен меѓуградски превоз.

– Првпат по два и пол месеца од короната, патувам со јавен меѓуградски превоз. Сметам сум заштитена, но многу е битно и другите да преземат мерки за заштита, бидејќи би било бесполезно. Најбитно е да внимаваме и да се штитиме, вели Ѓорческа.

Фреквенциајта на патници во прилепската Автобуска станица е само пет отсто од онаа пред вонредната состојба. Порано, дневно патувале околу 1000 граѓани на преку 20 меѓуградски релации./МИА

Општина Штип почна постапка за одземање на Б дозволата на фирмата САНС- АГ

 Општина Штип ја почна постапката за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ која во реонот на Пeнуш од автомобилски гуми произведуваше течно гориво.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски денеска информираше дека постапката ја почнале пред 30 дена, откако имале инспекциски надзори заедно со државен инспектор за животна средина и по добиениот допис од Министерството за животна средина, во кој се вели дека оваа штипска фирма неколкуратно ги прекршува условите пропишани во Б-интегрираната дозвола.

-Оваа постапка е почната пред 30 дена, но ќе напоменам дека постапката за одземање на дозволата е исто така долга, колку што е и за добивање на Б-интегрирана дозвола, вели Ѓоргиевски.

Тој очекува дека целата постапка за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ да трае од 90 до 120 дена. Инаку, Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање пред два дена ја објави и одлуката на Основниот суд во Штип, кое има изречено парична глоба за правниот субјект и за одговорното лице за затекнатите буриња со течно гориво во кругот на фабриката. Паричната глоба изнесува 1.750 евра, од кои 1.500 за правниот субјект и 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице. САНС-АГ поголго време не работи, а е лоцирана во атарот на Пенуш.

Извлечени две тела на исчезнати работници по уривањето на мостот во Балтимор

Два дена по уривањето на мостот во пристаништето Балтимор, нуркачите извлекоа две тела од водата.

Полицијата во Мериленд соопшти дека станува збор за двајца мажи, на возраст од 26 и 35 години, од Гватемала и Мексико. Двајцата работници биле дел од градежната екипа од шест лица која во моментот на несреќата била на должност на мостот „Френсис Скот Ки“..

Останатите четворица работници се уште се водат за исчезнати, а 18 часа по несреќата беше објавено дека се претпоставува дека се мртви.. Уривањето на мостот, главната сообраќајница преку пристаништето, го затвори пристаништето Балтимор на неодредено време, кое е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД..

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

притисни ентер