Од денеска граѓаните кои немаат нови пасоши веќе не можат да излезат од Македонија

Пасошите на кои го има старото уставно име, од денеска заминуваат во историјата. 

Сите граѓани кои планираат да патуваат во странство, тоа ќе мора да го направат само со пасоши на кои го пишува новото име на државата.

Оние кои имаат пасот со старото уставно име, од денеска нема да можат да излезат од Македонија. Кога станува збор за личните карти, тие ќе можат да се користат за излез од државава, но сепак не се знае каква ќе биде реакцијата на соседните земји.

На граничниот премин Табановце без поголема раздвиженост. Најголем дел од граѓаните кои ги затекнавме на македонско-српската граница, покрај налепници со ознаката НМК, имаа и нови пасоши и возачки дозволи. Рекоа дека биле затечени од целата ситуација со личните документи, па морале во многу краток период да ги заменат.

Инаку, според неофицијалните информации, дел од македонските државјани успеале да влезат во Косово и Албанија со лични карти со старото уставно име, меѓутоа не се знае дали оваа пракса ќе продолжи и во иднина.

За оние граѓани кои планираат да се вратат од странство во земјава, а имаат пасош со старото уставно име, ќе мора да извадат патни листови во амбасадите и конзулатите.

Сепак, дел од македонските граѓани кои живеат во Канада и Германија реагираат дека има недостаток од патни листови и тешко се доаѓа до термин, со што се отежнува нивното доаѓање во Македонија.

Од МВР информираат дека оние граѓани кои ќе бидат спречени да направат излез од државата поради тоа што имаат пасош со името “Република Македонија“, можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез.

Заврши драмата во Италија: По 44 часа закана, момче се откажа до намерата да скокне од балкон

Млад човек (23) од Пескара, Италија, кој се заканувал дека ќе скокне од терасата на својот стан, по 44 часа преговори се откажал под изговор дека е уморен.

„Доста ми е, уморен сум“, им рекол на полицајците и се симнал од оградата на терасата на која балансирал речиси два дена, објави АНСА.

Момчето од 28 февруари во 14 часот и 30 минути стоело на работ од оградата на терасата, а причините се уште не се познати.

Откако се симнал, влегол во куќата и им ја отворил вратата на специјалците на кои им рекол дека му е доста. Го завиткале во ќебе и заедно со кучето го извадиле од станот.

Екипата на итната помош му пружила соодветна нега и тој е префрлен во болница.

Георгина направи фустан од дресот на Роналдо и прошета по модната писта (ФОТО)

Георгина Родригез, партнерката на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, привлече големо внимание на Модната недела во Париз поради изборот на облека во која прошета по пистата.

Оваа шпанска убавица вчера вечер беше на модната писта, на ревијата на Vetements, облечена во фустан од дресот на Роналдо со потпис и посебна посвета на актуелниот играч на Ал Наср.

Медиумите пишуваат дека овој фустан е пример за „блоккор“ кој комбинира спортска мода со урбана облека, а на задната страна пишувало:

- За љубовта на мојот живот, Георгина и Ветементс - потпишан од Кристијано Роналдо.

На Георгина, инаку, не и е непозната Модната недела, бидејќи претходно присуствувала на некои од најголемите модни ревии. Сепак, ова е прв пат да прошета со некој од брендовите. Сите се согласуваат дека нема да и биде последен настап.

Во сообраќајка кај Колари синоќа загина 46 годишник од Скопје, со возилото излетал од патот

Во сообраќајна несреќа вчера околу 18 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар кај селото Колари животот го загуби 46 годишник од Скопје, откако со возилото што го управувал излетал од патот. 

Во сообраќајката со тешки повреди се здобила малолетна сопатничка во автомобилот.

-На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево, информираше СВР Охрид.

Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кичево.

притисни ентер