Од шест наутро, па се додека се изнајде решение, Скопје ќе биде во тотален колапс. Приватните превозници утре со 200 автобуси ќе ги блокираат главните артерии на градот, барајќи исплата на како што велат, долгот од 1,5 милиони евра кој го побаруваат од Град Скопје.
Ден пред хаосот, оваа крстосница е една од оние кои ќе бидат под утрешната блокада, ги спојува директно центарот на градот, Кисела Вода, како и оние кои доаѓаат од Аердором и Гази Баба, што би било доволно за колапс на сообраќајот, а ќе има и дополнителни две блокади на Мавровка и булеварот Илинден....
Со тоа што Илинденска ќе биде блокирана во должина на градското собрание, од „Фонтана“ до Зоолошка градина, посочи директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски. Вели доколку нема решение, тие размислуваат да ги радикализираат протестите, а за тоа веќе има мотив и поддршка од превозните...
„Можеби ќе ги доведат семејствата да лежат и да спијат таму каде што се тие, можеби ќе се одлучат да штрајкуваат со глад, за да навистина сфата дека оваа ситуација не ја прави за да некој некому наштети, туку да си го заштити стекнатото право.
Јовановски вели дека итните служби ќе бидат пропуштани, а од граѓаните побара разбирање бидејќи ова е единствениот начин да го добијат тоа што е нивно, велејќи дека проблемот не е во нив, туку во градоначалничката Арсовска.
„Кога градоначалникот и надлежните служби не сакаат да седнат да го решат проблемот, немаме друг избор, превозниците немаат друг избор освен својот револт, протест да го направат на улица и граѓаните да имаат разбирање. Треба притисокот да го направат до градоначалничката и да знаат каде е вистинскиот проблем
Загриженоста кај граѓаните расте. Велат доколку им се должи на приватниците тогаш треба и да им се исплати, но тоа да не биде врз нивни грб. Велат и ние имаме потреба да се движими и навреме да стигнеме и на закажани прегледи и да заработиме за живот...
Арсовска вчера за Канал 5 кажа дека инситуциите ја истражуваат состојбата и дека по утврдување на според нејзе, реалниот долг, истиот ќе се исплати, но нема да се дозволат манипулации. Дополнително најави дека ќе се отвора и нов огла на кој приватните превозници ќе можат да се пријават.
За состојбата со јавниот превоз критика стигна и од Мицкоски. Тој за состојбата ги обвини СДСМ и Арсовска, за кои кажа дека имале тајни средби.
Од СДСМ пак велат дека Мицкоски по митинзи ги убедувал Скопјани да гласаат за Арсовска и со трубачи ја славел нејзината победа, за сега како што наведуваат, да се обидува со измислици за тајни средби да ја покрие, ситуацијата во Скопје, која е според нив предизвикана од ВМРО-ДПМНЕ и од Арсовска