Препукувања на релација ВМРО-ДПМНЕ и МНР за работата на министерството

МНР како институција се злоупотребува за лично рекламирање на министерот Бујар Османи и е министерство со најниска транспарентност, тврди пратеникот и поранешен министер за надворешни Антонијо Милошоски.

На панел дискусијата на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ организирана од ВМРО ДПМНЕ зборуваше и Претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат Зоран Дабиќ кој тврдеше дека нема комуникација со раководството во министерството кое како што рече служело за вработување на партиски кадри.

-Институцијата која уставно и законски има надлежност министерството да ја промовира државата надвор од своите граници во економска, политичка, трговска и културна област, сега МНР е претворено во институција којашто го рекламира министерот дома во рамките на државата, а најмногу во Чаир каде има добиено партиска задача да помирува фракции во неговата матична партија.- Антонијо Милошоски – ВМРО ДПМНЕ

-Последните седум – осум години би ги поделил на два периода, првиот на масовно впумпување на партиски кадри во МНР, и вториот период, последните неколку години масовно унапредување на истите тие кадри. Дури како синдикат утврдивме одредени параметри и начини како тоа се прави.- Зоран Дабиќ – Претседател на Македонски диполматски синдикат

По партиската трибина реагираа и од МНР од каде велат дека министерството се соочува со сериозни системски недостатоци кои се резултат на како што велат, долгогодишнo нестручно работење и длабоко партизирираниот пристап во водењето на институцијата во времето кога со МНР раководеле министри од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изминативе години, во работењето на институцијата за прв пат не е важно партиското убедување на дипломатите кои со децении политичките партии ги делеле на наши и ваши. Покрај тоа, во овој иминат период под секое ниво биле сведени стручноста и непристраната работа на дипломатите и амбасадорите. Дополнително би сакале да нагласиме дека досегашниот дипломат и синдикален лидер, Дабиќ, за жал целосно ги напушти принципите на дипломатијата, и уште повеќе, оние на синдикалното здружување. -МНР

Од МНР најавија и дека ќе достават детали до јавноста за работата на куќата во времето кога на чело на дипломатијата биле кадри на ВМРО ДПМНЕ.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер