Обвинителството веќе три години води предистражна постапка за лиценците на БЕГ

Скопското обвинителство скоро три години ги проверува сомнежите на МВР дека БЕГ во 2012 година добил лиценци за парното во Скопје, без да ги има исполнето законските услови и критериуми.

Во мај 2019, одделот за организиран криминал на полицијата поднесе кривични пријави против поранешниот Претседател на Регулаторна Димитар Петров, како и против тројца поранешни членови, кои освен за доделувањето на лиценците, ги сомничи и дека му овозможиле на БЕГ да оствари екстра профит од 2013 до 2017та, од над 6,5 милиони евра..

Од скопското обвинителство нема информации зошто толку долго трае предистражната постапка..

-Надлежен јавен обвинител презема дејствија и прибира материјални и вербални докази за утврдување на фактите и проверка на наводите во пријавата. Откако ќе бидат направени неопходните проверки, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување. – велат од ЈО.

Инаку според податоците од Централниот регистар Балкан Енерџи Груп – БЕГ е основана од две компании, кипарската Кардикор инвестментс лимитед Лимасол и британската Битар Холдингс Лимитед, но од 2014 со промената на сопственичката структура, кипарската фирма отпаѓа, а како сопственик останува британската Битар Холдингс.. На нивната веб страна нема податоци за сопствениците и луѓето што раководат со компанијата, но според податоците од Централнито регистар што ги објавија некои медиуми, во моментов членови на надзворниот одбор се Руси, а низ годините продефилирале и Молдавци, Романци и наши државјани... БЕГ во некои од написите се поврзува и со ТЕ-ТО, а како доказ се наведува дека во основачкиот документ на БЕГ за контакт е наведена е-маил адресата на ТЕ-ТО.... Каква е нивната конекција не до крај јасно.. Единствено се забележува дека од веб страницата на БЕГ има линк за директен пристап до веб страницата на ТЕ-То, која забележливо, изгледа идентично..

БЕГ инаку, има лиценца за снабдување со топлинска енергија која истекува годинава, но и лиценци за производство и за диструбиција кои имаат важност од 35 години, односно до 2047 година.. Сепак, што ќе биде и со нив не е јасно, особено откако Адора пред неколку месеци ја купи АД Топлификација, и сега практично е сопственик на топланите Исток и Запад..

„До денешен ден, овие основни средства не се предадени на „Адора инженеринг“ и со нив управува БЕГ. До овој момент БЕГ нема партнерски однос за топланите со „Адора инженеринг“, иако законот е дециден дека купувањето на имот во стечај наметнува нови партнерски договори со новиот сопственик. – соопштија од компанијата деновиве..

Брачна двојка се пофалиле со патување од соништата, па добиле телефонска сметка од 134.000 евра

Рене Ремунд и неговата сопруга ќе го паметат своето патување во Швајцарија, не само по магичните и колоритни пејзажи, туку и по телефонската сметка што ја добиле при враќањето дома.

Сопружниците често патуваат, а тврдат дека секогаш го известуваат мобилниот оператор пред да ја напуштат земјата. Велат дека истото го направиле и овој пат.

Рене наведува дека истиот оператор го користи веќе 30 години.

„Отидовме во филијалата и го изготвивме планот за патување. Рекоа дека сме покриени. Што и да значи тоа, вие сте покриени“, изјави тој за локалните медиуми.

Сопружниците пристигнале во Швајцарија, посетувале различни локации и испраќале пораки/фотографии до пријателите и семејството за да се покажат.

Откако се вратиле на Флорида, каде што живеат, добиле телефонска сметка, пренесува ABC Action News.

На почетокот Рене мислел дека пишува 143 долари, но неколку дена подоцна ја открил вистинската сума. Компанијата му наплатила 143.000 долари, бидејќи користел 9,5 гигабајти во странство, односно за роаминг.

„Се јавив на операторот и му кажав што е проблемот. Ме ставија на чекање, а потоа ме известија дека сметката е добра. Што сакаш да кажеш под добра, прашав. Ми одговорија дека толку должам“, изјавил Рене.

Човекот ангажирал адвокат кој директно му пишал на претседателот на компанијата, но тврди дека не добил одговор. Потоа контактирале со медиумите.

Новинарите се јавиле кај операторот и го објасниле случајот, а Рене добил уште еден повик неколку дена подоцна.

„Тие рекоа дека ќе ја кредитираат целата сума и да не се грижам“, рече Рене, заблагодарувајќи им се на медиумите за помошта.

Мобилниот оператор испратил и официјално соопштение во кое се вели:

„Препорачуваме клиентите да ги проверуваат информациите додека патуваат, како што е меѓународниот роаминг на податоци. Ако сте на постар план кој не вклучува меѓународен роаминг, ќе треба да користите Авионски режим и Wi-Fi за да бидете сигурни дека вашиот уред не е поврзан на странска мрежа“.

Снимен е ужасниот момент на судирот на два хеликоптери во Мелезија- нема преживеани (ВИДЕО)

Во Малезија дошло до страшен судир на два хеликоптери во воздух при што животот го загубиле десет лица, а несреќата се случила околу 09:30 часот по локално време.

Страшната несреќа се случила за време на тренинг вежба во поморска база во северната држава Перак, на околу 100 милји од главниот град Куала Лумпур.

Во несреќата учествувале поморски оперативен хеликоптер АВ139, со седум членови на екипажот, и морнарички Фенек, со тројца членови на екипажот.

На видеото се гледа како главното сечило на еден од нив удира во високиот ротор на другиот. Делови од двата хеликоптери, се видени како паѓаат на земја, додека и двата се урнаа.

На лице место пристигнале и противпожарните служби кои го изгаснале пожарот, а по гаснењето останало куп јагленисан и извиткан метал.

Ништо не можело да се направи за да се спаси екипажот и сите 10 лица беа прогласени за мртви на местото на настанот.

„Потврдена е смрт на сите на местото на настанот“, се вели во соопштението на морнарицата, додавајќи дека посмртните останки се испратени во болница за идентификација.

Министерот за одбрана Мохамед Калед Нордин изјави дека во тек е идентификација на загинатите членови на екипажот, кои се на возраст под 40 години.

Локалните медиуми објавија дека AV139 удрил во спортскиот комплекс на базата, додека Fennec удрил во блискиот базен.

Морнарицата соопшти дека ќе започне истрага за да се утврди што ја предизвикало несреќата.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

притисни ентер