Обвинителството предлага казна од 10 илјади евра за поранешната директорка на Клиниката за кожни болести

Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи за обвинетата да изрече парична казна од 40 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 250 евра, односно вкупна парична казна од 10.000 евра во денарска противвредност.

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, која е обвинета за кривично дело – Пренесување заразна болест по член 205 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи за обвинетата да изрече парична казна од 40 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 250 евра, односно вкупна парична казна од 10.000 евра во денарска противвредност.

Имено, обвинетата на 29 февруари се вратила во државава од регион во Република Италија преку граничниот премин Табановце. Но, притоа таа постапила спротивно на мерките и заклучоците на Владата согласно кои сите граѓани кои се враќаат од ризичните земји со зголемен број заболени од COVID-19, особено од Република Иралија, имаа обврска да останат во домашна изолација во траење од 14 дена од денот на влегување во земјава. Исто така, со заклучоците, на сите вработени во државни и локални институции и претпријатија им беше наложено доколку во претходните две недели патувале или живеат со некој што патувал во земјите од среден или висок ризик за ширење на заразната болест, да не доаѓаат на работа и за тоа да ја известат институцијата каде работат.

Но, обвинетата, иако како здравствено лице била свесна за ризикот, продолжила со своите работни обврски на Клиниката, а на 7 март била присутна и одржала предавање на симпозиум од об ласта на дерматолошките болести, со што ги довела во опасност сите учесници, предавачи, организатори и вработените на Клиниката. На овој начин таа заразната болест им ја пренела на седум свои колеги пред самата да биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести со позитивен наод за COVID-19.

Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител направи детални проверки и ја обезбеди целокупната релеватна медицинска и друга документација која беше неопходна заради утврдување на решавачките факти. Притоа, беа направени проверки и беше побарана и обезбедена документација од Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, а беа преземени и други истражни дејствија​.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапси девет лица за кои верува дека се поврзани со осомничените за нападот во концертната сала во Москва.

Светските агенции повикувајќи се на извори во безбедносните сили на Таџикистан, денеска наведуваат дека осомничените се уапсени и поради нивните врски со огранокот на терористичката организација Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К).

Според нивните информации, сите девет лица биле приведени на 25 март во градот Вахдат и се одведени во Душанбе.

Истражниот комитет на Русија вчера соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва. /МИА

притисни ентер