Обвинителството оформи предмет по палењето на бугарското знаме во Вевчани

Додека МВР трага по сторителот, струшкото Обвинителство оформи предмет за лицето кое го запали бугарското знаме за време на карневалот во Вевчани.

Полицијата го бара лицето кое го запалило бугарското знаме на Вевчанскиот карневал. Од МВР за Канал 5 велат дека настанот е документиран и се работи на утврдување на неговиот идентитет по што ќе биде поднесена соодветна пријава. Од полицијата велат дека инцидентот се случил вчера околу 15 часот, кога лице што било дел дефилето во рака држело знаме на Бугарија, а при традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, го спуштило во запалениот оган и го запалило.

За настанот експресно реагираше и официјална Софија... Шефицата на дипломатија Екатерина Захариева преку Фејсбук информираше дека му дала налог на амбасадорот во земјава Ангел Ангелов,а тој веднаш упатил остар вербален демарш.

Одговор веднаш стигна од македонско МНР -

- Го осудуваме палењето на знамето, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот туку и нанесува штета на угледот на Македонија. – стои во реакција на МНР, а слична осуда стигна и од шефот на државата Стево Пендаровски.

-Палењето на знамето е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување. – напиша Пендаровски.

Инаку, за случајот предмет отвори струшкото обвинителство кое ќе утврдува дали е сторено кривичното дело - Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик, кој за исмејување или подбив со странска држава, предвидува парична казна.

Годинешниот карневал го одбележа и интервенцијата на полицијата која реагираше поради непочитувањето на здравствените протоколи, но дали и кој ќе одговора за тоа, МВР во координација со Обвинителството се уште анализира.

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

притисни ентер