Обвинителството нареди итно запирање на градежните работи на автопатот Скопје- Куманово

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи што ги изведува правно лице на автопатот А2, клучка Хиподром-наплатна станица Миладиновци.

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи што ги изведува правно лице на автопатот А2, клучка Хиподром-наплатна станица Миладиновци, каде во сообраќајната несреќа која се случи на 2 септември автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правното лице ангажирано на проектот, при што животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син.

По надзорот, изготвен е записник и донесено е решение со кое се задолжува правното лице веднаш да ги запре сите градежни работи до добивање на одобрение од надлежен орган за времена измена на режимот на сообраќај за изведување работи на левата – брза сообраќајна лента. Во меѓувреме, правното лице треба да постави и одржува времена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација со која ќе овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на автопатската делница.

Непосредно по тешката сообраќајна несреќа, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Проверките за целосно испитување на кривичната одговорност за настанот се во тек, а по краткотрајниот притвор од 48 часа, по предлог на јавниот обвинител, на двете лица им се определени мерки на претпазливост, соопшти Обвинителството.

СДСМ: Гордана Силјановска е недостојна за Претседател

По вчерашното интервју на Гордана Силјановска повеќе од јасно е дека таа нема ниту капацитет, ниту достоинство да биде претседателка на дравата. 

По скандалозната посета на Софија, таа сега информираше дека свесно решила да се слика без знаме за наводно да не направела скандал. Свесно се сликала и свесно ја објавила фотографијата, па според ова таа свесно предизивикала понижување на државата и граѓаните.

Силјановска одлучила да ја понижи државата и нејзините граѓаните за таму во моментот да не и биде непријатно. Фактот што нашата делегација според нејзините тврдења отишла целосно неподготвена, без никаква координација со протоколот на Радев и без знаење за тоа што е планирано од протоколарни активности, укажува на целосно отсуство на одговорност и професионализам во нејзиниот тим. Аматерски подготвена посета која однапред била осудена на фијаско.

Во услови кога Македонија има исклучително важен период и одлуки кои треба да ги донесе, ваквиот аматеризам во дипломатијата е недозволив. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се директно одговорни за овој срам, заедно и на чело со Тимчи Муцунски кој исто како Силјановска, вчера немаше ниту еден конкретен одговор на ниту едно прашање при неговото гостување. Комплетна неспособност и недостојност за големи меѓународни политики демонстрира тимот на Мицкоски.

Центар за комуникации на СДСМ

Британската влада ќе одвои 75 милиони фунти за борба против бандите кои шверцуваат мигранти

Британската влада денеска објави дека ќе одвои 75 милиони фунти (близу 89 милиони евра) за борба против бандите за трговија со мигранти, пренесоа француските медиуми.

Овие средства првично беа наменети за финансирање на миграцискиот договор склучен со Руанда, кој на крајот пропадна.

Лабуристичкиот премиер Кир Стармер, кој дојде на власт во јули, го отфрли контроверзниот план, поддржан од владејачките конзервативци, според кој барателите на азил кои нелегално пристигнале во ОК ќе бидат депортирани во источноафриканската земја.

Стармер во меѓувреме вети дека ќе се справи со „бандите“, вклучени во организирањето на преминувањето на Ла Манш, каде често има смртни случаи.

-Најавеното финансирање ќе биде искористено за купување на камери за надзор и технолошка опрема за да се олесни собирањето докази за кривично гонење на трговците со луѓе, изјави британскиот министер за внатрешни работи Ивет Купер. Средствата ќе бидат искористени и за ангажирање граничари и 100 специјалисти истражители за Националната агенција за криминал.

Британската влада сака да се справи со проблемот во соработка со своите европски партнери. /МИА

Средба Меџити - Рокас: Интеграцијата во европското семејство останува наш стратешки приоритет

Интеграцијата на нашата земја во европското семејство останува наш стратешки и најважен приоритет.

Интеграцијата на нашата земја во европското семејство останува наш стратешки и најважен приоритет, истакнал вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на средбата со новиот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас.

- Ми беше особено задоволство што денеска се сретнав со новиот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, на кого му посакав топло добредојде и успешен мандат во нашата земја. Оваа средба ни понуди одлична можност за натамошно продлабочување на односите меѓу Македонија и Европската Унија. Истакнав дека интеграцијата на нашата земја во европското семејство останува наш стратешки и најважен приоритет, рекол Меџити, соопшти неговиот Кабинет.

Меџити додаде дека овие средби се од суштинско значење за зајакнување на нашата соработка и потикнување на реформи кои ни помагаат да ги исполниме стандардите и очекувањата на ЕУ.

-Во текот на нашиот разговор опширно дискутиравме за прашања кои влијаат на развојот на земјата, со посебен осврт на политичката и економската состојба во земјата. Друга клучна точка на нашите дискусии беше фокусот на политиките за животна средина, со посебен акцент на иницијативите за заштита на животната средина и соочување со еколошките предизвици, како и важната улога на ЕУ во подобрувањето на овие процеси. Разговаравме и за можностите за финансиска и техничка поддршка од ЕУ за нашите развојни проекти и неопходни реформи, со фокус на конкретни проекти директно поврзани со Министерството за животна средина. Како апсолутен приоритет беше истакнато унапредувањето на реформите и имплементацијата на законодавството за животна средина, согласно европските стандарди!, рече првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

притисни ентер