Обвинителството ќе отвори случај по допред глас за скандалот со премрзнатиот овчар во кратовско

Откако ЦУК утврди серија пропусти и кршење на процедурите во случајот со спасувањето на премрзнатиот овчар во кратовското село Емирица кој потоа почина, ќе истражува и Обвинителството. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Железничар во последен момент спасува дете пред брз воз (ВИДЕО)

Железничарот Мајур Шелхе му го спаси животот на дете на станицата Вангани во Мумбаи.

Имено, додека детето одело со својата мајка на платформата, тоа паднало на шините и не можел само да се искачи назад. Во тоа време, воз се приближува кон станицата. Мајур не се двоумел, туку веднаш тргна во акција. Скокна на шините и истрча кон детето.

Го зеде детето и го турна на платформата, каде што потоа се искачи. Секунди ги делеа од катастрофа. ЖелезничаротШелхе го ризикуваше сопствениот живот за да го спаси детето. Мајката била со оштетен вид и не можела да го спаси детето, туку очајно барала помош, пишува railpost.in.

Пијуш Гојал, почесен министер за железници, разговарал лично со Мајур Шелхе. Тој ја пофалил неговата храброст и најавил дека Мајур ќе биде награден.

Шведски доктор: Секој ден фрламе стотици дози на вакцината АстраЗенека

Стотици дози на вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ се фрлаат секој ден во Стокхолм затоа што жителите одбиваат да се вакцинираат со неа, изјави денеска доктор за телевизијата СВТ.

Јохан Стируд од Медицинското здружение на шведската престолнина рече дека нема доволно волонтери за да се вакцинираат со AstraZeneca, затоа вакцината мора да се фрла доколку не се користи во рок од неколку часа.

Во Шведска, британско-шведската вакцина е ограничена на оние над 65 години, откако во светот се пријавени ретки случаи на згрутчување на крвта како несакан ефект на земање на вакцината.

СВТ известува дека некои пациенти ги откажуваат закажаните вакцинации кога ќе дознаат дека ќе примат вакцина АстраЗенека.

Стируд, како и Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО), нагласува дека придобивките од оваа вакцина се многу поголеми од ризиците, па ги повика луѓето да се вакцинираат.

Рекорден број патници на еден лет биле позитивни на коронавирус

Рекордни 47 патници од еден лет биле позитивни на коронавирус.

Летот 6395 од Делхи до Хонг Конг слетал на 4 април и во рок од две недели скоро 50 од патниците биле позитивни на вирусот.

Сите патници на летот, на индиската авиокомпанија Вистара, покажале негативен тест за Ковид-19 во рок од 72 часа - во согласност со барањата за патувања на Хонг Конг.Сепак, според „Индипендент“, тестот по пристигнувањето на патниците открил дека 25 се позитивни, а потоа имало дополнителни 22 случаи во следните 12 дена по пристигнувањето.

Рекордниот број доаѓа откако Индија забележа нагло зголемување на случаите од почетокот на месецот, додека земјата се справува со нов поинфективен сој на вирусот.Зборувајќи за Индипендент, д-р Шарад Авачар од Мумбаи рече: „Она со што се занимаваме тука е катастрофа.

По овој инцидент, од утре Хонг Конг целосно го прекинува авио сообраќајот со Индија.

Велика Британија сега ја додаде Индија на својата „црвена листа“ на земји, што значи дека патувањето во земјата е забрането.

притисни ентер