Обвинителството истражува дали ќе отвори постапка за случајот Богоевски

Од скопско Oбвинителство го чекаат известувањето од МВР по синоќешниот исказ на пратеникот Павле Богоевски околу случајот со неовластеното снимање и нелегалното набавување на наркотични средства.

Но, оттаму не прецизираат дали и таксистот кој снимал и пратеникот кој нелегално набавивал ќе бидат предмет на истрага. Кратко посочуваат дека допрва ќе одлучуваат. Откако синоќа Богоевски самиот се пријави во полициска станица, дененска не сакаше да дава дополнителни искази. По бурните реакции за случајот на голем број јавни личности, спикерот Џафери смета дека Собранието нема основ за постапка против пратеникот Богоевски, но очекува надлежните институции да постапат ефикасно и целосно да го расчистат случајот. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка на Богоевски од пратеничката функција и најавија дека ќе покренат иницијатива за одземање на мандатот.

Од СДСМ очекуваат надлежните институции да го расветлат случајот со незаконското снимање. Велат моралните аспекти се на личната совест и одговорност на секој пратеник, а законите важат за сите подеднакво. Од ДУИ најавуваат ветинг во сите институците што вршат јавна дејност, вклучувајќи ги и партиите.

Од пратеничката група на ЛДП, пак, најавуваат дека ќе иницираат Закон за легализација на марихуаната, не само за медицинска, туку за општа употреба. Но вели дека ваквиот закон нема никаква поврзаност со слулчајот на Богоевски.

Инаку, Богоевски откако потврди дека гласот од објавената аудио снимка е негов, но дека не набавувал кокаин туку канабис, сноќа и јавно побарал да му биде направен тест за користење наркотички средства.

Пандемијата и карантинот ги зголемуваат случаите на семејно насилство

Пандемијата ги одложува и браковите. 

Веќе се соочуваме со бран на психички последици поради пандемијата, а воочливо е зголемувањето и на семејното насилство, бидејќи насилниците имаат поголема контрола врз жрвите, вели за Канал 5 Д-р Славица Арсова, од Клиниката за психијатрија.

Пандемијата ги одложува и браковите. Забележано е оти граѓаните се одлучуваат да ги поместат плановите за в година, велат за Канал 5 од Управата за водење на матичните книги. Оттаму додаваат дека бројот на склучени бракови во изминатите неколку месеци е видно намален во однос на изминатите години.

-Во јануари годинава склучени се 1046 бракови , во февруари има 922, март - 507, април - 268, а во мај склучени се 366. Приметно е од странките кои се обраќаат до Управата за водење на матичните книги дека склучувањето на бракот го одлагаат за следната година, но ако имаат итна потреба од тоа бракот го склучуват по предвиден протокол - во матичните канцеларии во присуство на максимум пет лица и тоа двајца маладоженци, двајца сведоци и матичар. Сите мора да имаат заштитни средства.- Управа за водење на матичните книги.

Дел од причините за намалениот број на бракови се неможност за организирање на прослави, но и нецелосното функционирање на институциите во период кога во земјава беа воведени рестриктивни мерки, па поради заштита од ширење на заразата, се работеше во смени и со намален интензитет.

Туристичките работници пред банкрот, бараат итна помош од државата

5 илјади семејства ќе останат без работа, а туристичките агенции ќе банкротираат, ако не продолжат економски мерки, алармира секторот. 

Повторно испратија листа на барања до министерството за економија. Бараат субвенциите за плати да продолжат до крајот на годината, да се ослободат од даночните давачки, а враќањето кредити да се одложи до септември идната година.

„Наш апел е дека во август месец првиот удар ќе биде со 5 илјади отпуштени луѓе и 5 илјади семејства бидејќи се фамилијарни бизниси, ќе бидат во Завод за вработување, а тоа ќе продолжи... Наша цел како сериозна комора е тоа да биде спречено и на време да се делува, во спротивно ќе бидеме ние носени од ветерот, освен што имаме проблеми со непредвидливиот вирус, сега не ни треба и во економијата да имаме непромислени потези.“ истакна Емил Димитриевски, од туристичката комора.

Од туристичката комора имаат забелешки и во однос на протоколите за патување. Бараат капацитетот за пополнетост во автобусите наместо 50 да биде 70%, а зелените картони да важат и следната година.

„Во овој случај кој ќе им ги доплати на превозниците празните седишта и веднаш цената на чинење на билетите се покачува.“/ „Доколку патуваат семејство ако тие може во хотел да се сместат во иста соба, како тогаш да не може да патуваат и да седат на исто седиште. Тоа од страна на Комисијата за здравство не е земено во предвид од практичен аспект.“ вели Билјана Пејковска Ристовска, од туристичката комора.

Од комората сметаат дека туристичките ваучери од 100 евра, граѓаните треба да ги искористат исклучиво преку туристичките агенции. Комората вчера ги доставила барањата во министерството за економија, од каде чекаат позитивен одговор.

Во земјава работат неколку илјади туристички агенции кои што од почеток на Корона кризата седат без работа.

Шекеринска: Курбиново е силен печат на македонскиот идентитет

Курбиново беше болната точка на нашата држава.

Заменик-претседателката на Владата на РепубликаМакедонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска беше во работна посета на Курбиново, каде што во тек се интензивни конзерваторски зафати со цел заштитување на нашето културно богатство. По посетата таа даде изјава за медиуми која интегрално ви ја пренесуваме:

„Курбиново беше болната точка на нашата држава. Додека се трошеа парите на граѓаните на безвреден стиропор и споменици, нашиот вистински споменик на културата, традицијата и македонското средновековно сликарство, црквата „Св. Ѓорѓи" во Курбиново која опстојува 9 века, беше на работ на уништувањето. Додека целиот свет се восхитуваше на црквата во Курбиново, на фреската Ангелот од Курбиново, на фреската која е на банкнотата од 50 денари, додека се пишуваа книги и научни статии за нивната оригинална вредност, влагата го подјадуваше фрескоживописот и црквата чекаше подобри времиња.

И ова се тие времиња. Го спасуваме и овој важен, вистински автентичен споменик на културата.

Започнаа темелни конзерваторски зафати на средновековната црква во Курбиново. Ова е нашата традиција со која се гордееме пред светот. Експресивните и уникатни фрески се спасени.

Милиони евра беа фрлени на стиропор, ниту денар за Курбиново. Милиони, пари на граѓаните, беа фрлени во ветер, ниту денар во македонското автентично културно наследство. Тоа време заврши.

Ја вративме државата на вистинскиот пат, ја поврзавме со светот, ги вративме парите на граѓаните и го зачувавме идентитетот. Курбиново е силен печат на македонскиот идентитет, а грижата за него е силен доказ за вистинскиот автентичен патриотизам".

притисни ентер