Обвинителниот акт со доказите за пожарот во „Пулс“ стигнаа во скопскиот кривичен суд - Канал 5

Обвинителниот акт со доказите за пожарот во „Пулс“ стигнаа во скопскиот кривичен суд

Обвинителниот акт со доказите за пожарот во „Пулс“ стигнаа во скопскиот кривичен суд
Предметот со обвинението и доказите за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани е доставен до Скопскиот Кривичен суд. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари

 Биткоинот за првпат надмина 120.000 долари, што претставува важна пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите се потпираат на долгоочекуваните политички потези во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела

Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари

Почнувајќи од денеска Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара.

Овие предлози наидоа на одобрение од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „крипто претседател“ и ги повика пратениците да ги променат регулативите во корист на индустријата.

Овој замав, што доведе до пораст на биткоинот за 29 проценти од почетокот на годината, поттикна поширок раст на другите криптовалути во последните недели, и покрај хаотичните трговски тарифи на Трамп.

Етерот, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, денес го достигна своето највисоко ниво за повеќе од пет месеци - 3.048,23 долари.

Вкупната пазарна вредност на секторот порасна на околу 3,78 трилиони долари, покажуваат податоците од CoinMarketCap.

Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки

Две лица синоќа беа убиени, а неколку ранети во серија пукотници околу градот Лексингтон, соопшти гувернерот на американската држава Кентаки, Енди Бешир.

Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки

Локалната полициска станица објави дека единствениот осомничен за нападот е убиен, додека еден полицаец бил ранети, но по добиената медицинска помош тој е во стабилна состојба.

Пукањето во кое загинаа две лица се случило во Баптистичката црква Ричмонд Роуд, а на местото на настанот пристигнала и брза помош за да им помогне на повредените, соопшти полицијата.

Првично вчераутро бил ранет полициски службеник на патот што го поврзува аеродромот Блу Грас со округот Фајет, соопшти полицијата. Осомничениот потоа избегал во баптистичка црква оддалечена околу 27 километри, каде што убил две и повредил неколку лица.

Полицијата во Лексингтон потврди поврзаност на двата вооружени настана.

Државната полиција на Кентаки и полициската управа во Лексингтон го „неутрализираа“ осомничениот во црквата.

„Ве молиме да се молите за сите оние што се погодени од овој бесмислен чин на насилство“, рече гувернерот Бешир.

Почина поранешниот нигериски претседател Мухамаду Бухари

 Поранешниот нигериски претседател Мухамаду Бухари, кој ја водеше својата земја прво како војник, а потоа како избран претседател, почина вчера во болница во Лондон на 82-годишна возраст, изјави неговиот поранешен портпарол.

Почина поранешниот нигериски претседател Мухамаду Бухари

„Семејството на поранешниот претседател ја објави смртта на Мухамаду Бухари попладнево во клиника во Лондон“, објави на социјалните мрежи Гарба Шеху, кој беше негов портпарол за време на неговото претседателствување (2015-2023).

Бухари владееше со Нигерија со железна тупаница како војник во 1980-тите, пред да се преобрази во „пресоблечен демократ“, отслужувајќи два мандата како претседател, од 2015 до 2023 година.

Сегашниот претседател Бола Тинубу рече дека разговарал со сопругата на Бухари и му наложил на потпретседателот Кашим Шетима да отпатува во Англија за да го врати телото во Нигерија.

Бухари, по потекло од далечниот север на Нигерија, влезе во историјата во 2015 година станувајќи првиот кандидат на опозицијата што победил актуелен претседател.

Неговата изборна победа, во земја каде што реизборот на актуелен претседател се сметаше за однапред одреден, се сметаше за ретка можност за промени во Нигерија.

Но, неговото доаѓање на власт не успеа да ги реши тековните проблеми на земјата, вклучувајќи ја корупцијата, несигурноста и економските проблеми со кои се соочува нафтениот гигант.

притисни ентер