Обвинителен предлог за гостиварец поради пуштање во оптек лажни пари

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 55-годишен гостиварец, поради пуштање во оптек лажни пари, информираат од Основното јавно обвинителство – Скопје.

Како што стои во соопштението од обвинителството, обвинетиот, на 2 декември 2020 околу 20:40 часот на бензиска станица во Гостивар, лоцирана на магистралниот пат, со лажна банкнота од 100 евра, за која знаел дека не е вистинска, платил за наточено гориво.

Со стореното кривично дело обвинетиот се товари за фалсификување пари од член 268 став 4 од Кривичниот законик.

УХМР: Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Летото на северната хемисфера официјално започна утрово во 5 часот и 32 минути, додека на јужната хемисфера во исто време започна зимата.

Првата недела од летото е со најава за високи температури и до 40 степен.

Изгоре камион кај Струмица, нема повредени

Во близина на селото Добрашинци, кај Струмица денеска околу 13:30 часот изгоре камион. Предизвикана е материјална штета, повредени нема.

Според информацијата од Територијалната противпожарна единица на Струмица, во гаснењето на запалениот камион марка „Застава" учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кусо време.

Според пожарникарите причина за пожарот најверојатно е самозапалување на товорното возило од електричната инсталација.

Министерот Јетон Шаќири оствари работна средба со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука

,,Денес ми беше чест, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација да го чекам на работен состанок, градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука.

За време на состанокот разговаравме за можноста за дигитализација на услугите на оваа општина и нивно вклучување во националниот портал за е-услуги. Го уверив градоначалникот Дука дека Министерството што го водам е подготвено да ги стави на располагање сите свои капацитети за да помогне во овој процес.

Исто така се дискутираше за можноста за поврзување на оваа општина со системот за управување со документи (ДМС). Со поврзување на овој систем, меѓуинституционалната комуникација станува побрза и поефикасна.

Состанокот го завршивме со ветување дека ќе ја продлабочиме меѓуинституционалната соработка и комуникација, со цел да постигнеме конкретни резултати во иднина, во корист на граѓаните“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

притисни ентер