Обвинетите во случајот „Трезор“ добија ослободителна пресуда

 Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Тони Јакимовски, обвинети во случајот „Трезор“, денеска добија ослободителна пресуда за случајот во врска со злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема

Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Тони Јакимовски, обвинети во случајот „Трезор“, денеска добија ослободителна пресуда за случајот во врска со злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Поради апсолутна застареност постапката запре постапката против обвинетиот Небојша Стајковиќ.

Според судијката Имране Селмани, која денеска ја изрече ослободителната пресуда, обвинетите се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сознание дека го сториле делото за кое се обвинуваат.

На денешното рочиште судијката образложи дека во повторената постапка Обвинителството извршило измена на обвинителниот акт со кои обвинетите се гонат за злоупотребата на службената положба и овластување, но по друг став, наместо искористување на службената положба, сега се гонат сега за пречекорување на службената положба.

Ова е втора пресуда за случајот откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година.

Со првичната пресуда, за повеќе ставови од „злоупотреба на службената положба и овластување“ беа осудени поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој доби единствена казна затвор во траење од осум години, а поранешниот началник на Петтата управа во Министерството за внатрешни работи, Горан Грујевски, на кој му се судеше во бегство, беше осуден на единствена казна затвор во траење од 15 години. Поранешниот помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, добија затворски казни од по 5 години.

Процесот го води судијката Имране Селмани, а застапник на обвинението е обвинителот Артан Ајро.

ЦУК: 23 пожари на отворено, два се уште се активни

Изминатото деноноќие евидентирани се 23 пожари на отворен простор, од кои два се уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот кој започна пред неколку дена кај село Ѓермо, Општина Тетово е се уште активен. Пожарот сега се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација, информираат од ЦУК.

Според последните информации добиени од одговорни лица од НП Шар Планина и ТППЕ Тетово пожарот е се уште активен и има тенденција да се шири. Вчера поради настапување на ноќта екипите во 19:10 часот се повлечени од терен, а со интервенција е продолжeно денеска во раните утрински часови.

-Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот кој беше активен над село Велушина на ден 13.04.2024 година во текот на ноќта беше изгаснат, но на ден 14.04.2024 година дошло до негово повторно активирање и во моментот со пожарот е зафатен папрат, смрека и шума над село Остерец на Баба Планина. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале четири лица од ЈП Национални шуми-подружница Кајмакчалан од Битола и четворица пожарникари со две противпожарни возила кои поради настапување на ноќ се повлечени од терен. Според последните информации пожарот е на непристапен терен и горат суви лисја и гранки. Нема опасност по населени места и НП Пелистер. За настанот се известени релевантните субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението.

Во ЦУК имало вкупно 1 973 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,45 отсто, а 44,55 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 55,78 отсто, кон итната медицинска помош 30,35 отсто, а кон пожарникарите 10,40 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и да редовно да се чистат локалните одводни канали.

Фото: Секси раперка на НБА меч

Американската раперка Меган Ди Сталион ги засени сите и беше главна ѕвезда на НБА дербито  Лос Анџелес Лејкерс и Минесота .

Публиката наместо кон кошаркарскиот терен многу почесто гледаше кон седиштата до паркетот каде седеше атрактивната раперка.Како и да не биде кога таа шеташе облечена во секси блуза со огромно деколте.

Меган сега доби уште поголема популарност, па речиси никој не зборува за тоа дека Лејкерси на домашен терен беа поразени од Миесота (117:127), пишуваа нејзините фанови на социјалните мрежи.

Сексапилната раперка дури во втор план го „фрли“ и легендарниот центар на Лејкерси, Владе Дивац кој седеше во публика само еде ред пред Меган.

Околу 100 единици крв обезбедени од царински службеници за Денот на Царината

Донирање крв значи спасување нечиј живот. Ние во Царинската управа секојдневно се бориме за безбеден живот како дел од нашите заложби за заштита на општеството и безбедноста на граѓаните. 

Околу 100 единици крв беа донирани од страна на царинските службеници во рамки на овогодинешната крводарителска акција којашто Царинската управа секоја година по повод Денот на Царината - 14 април ја организира заедно со Црвен крст и Републичкиот завод за трансфузиологија. Крводарителската акција се спроведе во просториите на Царинската управа како и во центрите за трансфузиологија во Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Штип и Велес.

„Донирање крв значи спасување нечиј живот. Ние во Царинската управа секојдневно се бориме за безбеден живот како дел од нашите заложби за заштита на општеството и безбедноста на граѓаните. Хуманоста и општествената одговорност се дел од приоритетите на Царината и моралните вредности на царинските службеници.

Во рамки на крводарителска акција организирана по повод Денот на Царината – 14 април, над 100 вработени во Царинската управа донираа крв. Традиционално царинските службеници повторно ја покажаа својата хуманост и грижа за здравјето на граѓаните “, велат од Царинската управа.

Царинска управа

притисни ентер