Обвинение против Оливер Дерковски и четири лица поради спорниот софтвер за изборите во 2020

Обвинението против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски и четири други лица е поднесени денеска до Кривичниот суд од Обвинителството за организиран криминал и корупција поради набавката на софтверот за изборите лани.

По седуммесечна истрага обвинителството со кое раководи Русковска поднесе обвинителен акт против поранешниот претседател на ДИК Оливер Деркоски, тројца вработени во комисијата и еден управител на фирма. Тие се товарат дека ја злоупотребиле службената положба при две набавки со кои државниот буџет бил оштетен за 21 илјада евра. Едната е за набавка на софтвер пред ланските парламентарни избори на 15-ти јули, а другиот за набавка на телевизори наменети за приказ на резултаите од изборите од фирмата Тардис..

Во првиот случај според обвинението, тројцата вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки не го почитувале минималниот законски рок за поднесување на понуди за софтверот кој го набавиле од фирмата „Дуна“, при тоа не утврдиле дека овој економски оператор не ги исполнува условите, туку оваа фирма ја оцениле како прифатлива и и доделиле максимален број бодови. Деркоски како претседател на ДИК, според обвинителството донел одлука да ја избере „Дуна“ како најповолен понудувач без да изврши контрола. Меѓутоа, постапката била поништена, а Деркоски спровел нова спротивна на препораките.

„ Покани за поднесување понуди за набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК биле испратени до два економски оператори и во повторената постапка повторно како најповолен понудувач бил избран економскиот оператор ’Дуна‘ со кој првообвинетиот потпишал Договор за јавна набавка“. велат од обвинителството, од каде тврдат дека Деркоски не го тестирал софтверот пред да го стави во употреба.

Наспроти ова, поранешниот претседател на ДИК во изјава за Канал 5 вели дека тестирање било направено и оти за тоа постојат докази.Тврди дека не било сторено ништо незаконско и не фаворизирале никого.

„Ние напротив сме направиле обратно и сме повикале втор оператор за да има конкурентност што впрочем довело до пониска цена од 900 илјади еденари за нбавка на софтвер кој во изминатите 11 изборни циклуси се плаќало четири до четири ипол милиони денари. Тенденциозни се наводите но тоа вероајатно ќе мора да го докажуваме на суд. Кога сме направиле напор да штедиме пари на буџетот ние сме обвинети дека сме нанеле штета на буџетот што е смешно..“

Набавката на софтверот беше под лупа на јавноста, откако вечерта на денот на изборите веб страната и апликација на ДИК на која се објавуваа резултатите падна, поради хакерски напад. Кој го нарачал и кој извршил до денес не е познато, иако и за ова веднаш беше отворена истрага.

Песков: Американската помош за Украина нема да ја промени ситуацијата на фронтот

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека новата американска помош за Украина нема да промени ништо на бојното поле.

- Тоа на никаков начин нема да влијае на развојот на ситуацијата на фронтот … што е многу неповолно за украинската страна, посочи Песков.

Неговата изјава уследи откако претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон најави дека на 20 април ќе се одржи долгоочекуваното гласање за помош на Украина, Израел и Индо-Пацификот.

Гласањето е по повеќе од два месеци откако пакетот беше одобрен во Сенатот.

Надлежниот комитет претстави закон што ќе обезбеди 60,84 милијарди долари за Украина и регионалните партнери, од кои 23,2 милијарди долари ќе бидат искористени за обнова на резервите американско оружје и објектите.

Поддршката за Израел изнесува вкупно 26,38 милијарди долари, вклучително и средства за покривање на трошоците за американските воени операции како одговор на неодамнешните напади.

Средствата наменети за Индо-пацификот изнесуваат 8,12 милијарди долари.

Спасување мачка во поплавите во Дубаи

Полицијата во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по силниот дожд што го зафати тоа подрачје, спаси мачка од обилните поплави. Мигот на спасувањето стана видеохит на мрежите.

На снимките се гледа како црно-белото улично маче очајно се закачило за вратата од еден автомобил, сѐ дури спасувачите не го земат и однесат на безбедно, пренесува „Си-ен-ен“.

Според наводите, за само 24 часа во Дубаи наврнал дожд колку што вообичаено паѓа за две години во ова подрачје. Емиратските медиуми дождот од завчера веќе го нарекуват - „историски метеоролошки настан“ што надминал „сѐ што е документирано од почетокот на собирањето податоци“ (за времето) во 1949 година.

ЕУ. Неколку закони во Р. Српска го поткопуваат европскиот пат на БиХ

Законите за избори, референдуми, имунитет и странски агенти на Република Српска го поткопуваат европскиот пат на БиХ

Европската Унија ги повика властите во Република Српска да ги прекинат постапките за усвојување на неколку законски иницијативи, особено нацрт-законите за избори, за референдуми, за имунитет и за „странски агенти“, бидејќи со нив би се поткопале евроинтеграциските напори на Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Брисел.

- Овие законски иницијативи за кои расправа Народното собрание на Република Српска, би го поткопале уставниот поредок на земјата, функционалноста на нејзините институции и основните слободи и би биле против заложбите на Босна и Херцеговина за нејзин пат кон ЕУ, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Во соопштението се додава дека ЕУ нагласува оти мора да се почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок, вклучително и одлуките на Уставниот суд и меѓународната личност на Босна и Херцеговина.

- Секоја активност против овие принципи ќе доведе до сериозни последици, како што веќе јасно најави Европската Унија, се нагласува во соопштението.

ЕЕАС потсетува дека по одлуката на Европскиот совет од минатиот месец за отворање на пристапните преговорите со БиХ, ЕУ очекува земјата, вклучително и нејзиниот ентитет Република Српска, да прават чекори напред, наместо да преземаат активност што се во спротивност со нејзиниот европски пат.

- Одлуката на Европскиот совет докажа дека дијалогот наместо ескалацијата дава резултати. Ги повикуваме сите лидери во Босна и Херцеговина да ги исполнат своите обврски и очекувањата на граѓаните и да се вратат на преговарачка маса за доброто на луѓето во земјата и нејзината иднина во ЕУ, се додава во соопштението.

притисни ентер