Обучени волонтери од сите засегнати општини ќе ја штитат Шар Планина од пожари

Оваа обука се одржува во вистинско време, во пресрет на високите температури и опасноста од пожари. 

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути ја посети обуката за справување со пожари на отворен простор за просторните сили на Шар Планина, што вчера и денес се реализира во организација на ЈУНП Шар Планина со поддршка на Дирекцијата за заштита и спасување и Против пожарната единца од Тетово.

Со обуката беа опфатени повеќе од 30 волонтери од граѓанското здружение за унапредување мерки за заштита од пожари „ДОБРОВОЛНО ПОЖАРНИКАРСТВО“ Тетово, а беа присутни и учесници од сите седум општини на територија на новиот национален парк. Во иднина е планирано во континуитет да се организираат слични обуки и бројот на обучени лица да се зголемува со цел рано дејствување при појава на шумски пожари.

„Оваа обука се одржува во вистинско време, во пресрет на високите температури и опасноста од пожари. Ја поздравувам активноста на Управата на новиот национален парк Шар Планина и ме радува што гледам дека грижата за природното богатство на оваа наша планина предизвика ваков интерес и подготвеност за вклучување во нејзината заштита од волонтери од сите општини што се дел од ова заштитено подрачје“, истакна Нуредини.

Зајакнувањето на граѓанскиот сектор во доброволното гаснење на пожари опфати теми како вовед во системот за заштита и спасување, права и обврски на институциите во системот за заштита и спасување од пожари со практична употреба на ПП апарати и хидрантската мрежа, прва медицинска помош, мерки за заштита и спасување, евакуација и згрижување на загрозеното население, лична и колективна заштитна опрема, тактика и техники на гаснење на шумски пожари на отворен простор, штети на шумите од пожар и заштита на шумите, како и практичен дел, употреба на гребли, ПП метли, напртњачи, воздушни дувалки и моторни грбни пумпи за вода.

На настанот, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути изразувајќи задоволство од соработката ги предаде 10 пара заштитни комбинизони за интервенција на отворен простор од страна на ДЗС за потребите на националниот парк.

Во оваа прилика директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари, упати апел до локални жители и љубители на природата да се однесуваат одговорно при посета на националниот парк со оглед на постоечкиот ризик од појава на пожари и фактот дека во моментот во ЈУНП Шар Планина нема иницијатива за рестриктирање на движењето во шума.

Реализацијата на обуката беше овозможена со поддршка на Светскиот фонд за природа (WWF Adria), Центарот за едукација и развој од Теарце (CED), Шведската агенција за развој и соработка (SIDA).

ЕУ го забрани името „Пабло Ескобар“ како трговска марка

Судот на правдата на Европската унија го отфрли барањето за регистрирање на името „Пабло Ескобар“ како трговска марка, бидејќи тој назив се поистоветува со дрога и организиран криминал.

Порториканска компанија поврзана со семејството на Ескобар поднесе барање во септември 2021 година да го регистрира името на озлогласениот колумбиски наркобос како заштитен знак за своите стоки и услуги во ЕУ. Во меѓувреме, и Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ (ЕУИПО) одби да ја прифати регистрацијата на брендот, затоа што „за европската јавност тоа е спротивно на вредностите на ЕУ“, се вели во образложението.

„ЕУИПО го одби барањето за регистрација со образложение дека ознаката е спротивна на јавната политика и ги прифати моралните принципи“, се вели во соопштението на Судот, и се додава дека ЕУИПО се потпира на „гледиштето на шпанската јавност каде што Ескобар е најпознат поради поврзаноста меѓу Шпанија и Колумбија“.

Според барателите, пак, имињата како Бони и Клајд, Ал Капоне и Че Гевара веќе се регистрирани како заштитен знак во ЕУ, па следствено - и за „Пабло Ескобар, кој поради неговите многубројни добри дела за сиромашните во Колумбија, стана митска фигура во мејнстрим популарната култура“, треба да важи истото. Аргумент повеќе е тоа што Ескобар не е судски осуден криминалец.

Според Судот, „фундаменталното право на презумпција на невиност на Пабло Ескобар не е повредено бидејќи, иако тој никогаш не бил кривично осуден, во Шпанија јавноста го доживува како симбол на организираниот криминал и бројни злосторства“.

Ескобар, убиен во 1993 година, беше сметан за водач на озлогласениот картел во Меделин и со десетлетија важеше за еден од водечките и најбогати криумчари на кокаин во светот.

Приведени крадци во Битола

 Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните К.Б.(30) и Н.Б.(41) поради тешки кражби.

- При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.

Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР.

притисни ентер