Образовни дилеми: 1 септември во клупите, или пред компјутер

Далечинско образование или редовна настава во училниците, прашање кое веќе долго време си го поставуваат како родителите така и просветните работници. 

МОН со стратешка цел од неколку можни сценарија, прибира предлози како би се одвивала учебната година. Во меѓувреме, наставниците со кои поразговаравме водени од изминатата пракса со далечинско образование детектирале слабости. За истите велат веќе доставиле предлози до МОН. Немањето на пристап до интернет како и компјутер за секое дете се само дел од можните пропусти за учениците и самите наставници за квалитетна настава.

Институциите на системот во земјата мора да имаат изготвен Концепт за развој на систем за далечинско учење, кој би бил применлив не само во кризни ситуации како актуелната со Ковид 19, туку и во секоја друга прилика велат од МОН. Појаснуваат дека голем број лица веќе се вклучија со свои коментари, предлози и сугестии истите ќе бидат разгледани и се што е издржано ќе бид еприфатено во интерес на квалитетното образование

„Изработката на овој документ не значи дека новата учебна година ќе започне и ќе се реализира исклучиво преку далечинско учење. Но, ние уште сега, преку еден инклузивен пристап на креирање решенија се подготвуваме за постапување при секое евентуално сценарио, вклучително и за настава од далечина доколку ситуацијата го наложи тоа. Друго сценарио и најпосакувано е целосно нормализирање на наставата, односно спроведување на воспитно – образовниот процес како и до пред појавата на пандемијата, или пак, реорганизација на истиот преку редуцирање на бројот на ученици во училница, воведување на смени во училиштата и слично.“ – велат од МОН.

Според последните податоци од МОН обезбедени во текот на кризата со ковид 19, околу 30 000 ученици (од ранливи категории) немаат ИТ-уред во домашни услови a во истиот тој период МОН додели интернет ваучери на околу 30 илјади ученици. За следната учебна година велат дека се во фаза на креирање на решенија за сите можни сценарија од септември.

Најмалку петмина уапсени пред белоруската амбасада во Москва

Најмалку пет лица се уапсени за време на вечерашниот протест пред белоруската амбасада во Москва.

По двочасовните мирни протести против резултатите од претседателските избори во Белорусија, руската полиција растури група од 200 демонстранти и уапси најмалку пет лица, јавува ТАСС.

По објавувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија, на кои сегашниот претседател Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите, избувнаа протести во целата земја.

За време на тридневните протести во Минск и другите белоруски градови, едно лице загина, а повеќе од 6.000 лица се уапсени.

Малолетната ќерка на Моника Белучи стана заштитен лик на Долче и Габана

Познатиот бренд Dolce & Gabbana има нова муза - тоа е 15-годишната Дева Касел, ќерка на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, која се чини дека има светла иднина во светот на модата.

Тинејџерката, која очигледно ја наследи безвременската убавина од нејзината убава мајка, деновиве снимаше кампања за новиот парфем „D&G“ Shine на бреговите на италијанското езеро Комо во провинцијата Ломбардија.

Секако, присуството на Дева предизвика голем интерес кај папараците и медиумите, а нејзината благосостојба и безбедност внимателно ги следеа грижливите родители - иако се разведоа во 2013 година, Моника и Винсент учествуваат подеднакво во воспитувањето на 15-годишната Дева и нејзината петгодишна сестра Леони.

\

Дева дефинитивно се обидува да ја заштити својата приватност во секое време и е многу внимателна со објавите на социјалните мрежи, но за жал, и таа неодамна се најде под оган од злонамерните интернет тролови кои почнаа да шират озборувања за тоа како таа се подложува на козметичка хирургија, т.е. ја обвинија дека ги зголемила усните.

- Ве молам, јас сè уште немам 16 години ... Нормално е тинејџерите да поминат низ физички промени, особено на оваа возраст. Никогаш не размислував за каква било постапка и знам дека моите родители никогаш не би го дозволиле тоа. Човечкото тело се менува, затоа ве молам уште еднаш, размислете пред да започнете да ширите бесмислени, глупави и лажни вести за младите – им одговори Дева.

Шпанија забрзано гради болница поради зголемениот број заболени од корона

Бројот на нови случаи на коронавирус во Шпанија денеска се зголеми за скоро 1.700, а во овие бројки не е опфатен Мадрид, кој не даде информации заради технички проблеми.

Од укинувањето на строгите рестриктивни мерки пред шест недели, Шпанија се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот.

Иако просечниот дневен број на заразени лица бил помалку од 150 во јуни, околу 1.500 нови случаи се регистрираат секој ден во првите 12 дена од август.

Како резултат, војската брзо гради нова полска болница во Сарагоса, главниот град на Арагон, регион кој сега е жариште на коронавирусот.

притисни ентер