Објавени нови аудио – бомби за Мицкоски и Заев

Продолжува објавувањето на нелегално снимени аудио-снимки за лидерите на двете најголеми политички партии, Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Нов, трет дел од разговорот на Зоран Милевски-Кичеец и лидерто на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше објавен денеска на јутјуб каналот наречен Рекет.. Станува збор за 23 секунди од разговорот сниман лани, пред претседателските избори, а во оваа снимка се говори за финансирањето на партиските активности.

Кичеец: „Најди си лик, не знам, имал тој некој пријател добар, нешто ваму-таму, ја ќе појдам само да не појдит Сашо, никако во партија да не влезит„... тие се муабетите

Мицкоски: Сашо никогаш не дојде во партија, скршен од мака. Сашо даде два пати по 5.000 евра за автобусите за 2 јуни кога беше нели, тоа е од Сашо донацијата.

Речиси во исто време, се појавија и две нови снимки од по 36 секунди од разговор на лидерто на СДСМ, Зоран Заев, на новоотворен јутјуб канал.. Гласот на соговорникот е мутиран, идентично како и на снимка која беше објавена претходно, а Заев рече дека е од разговор со Александар Верушевски во 2016 година...

Во првата говорат за рејтингот што тогаш го имала Шарената револуција..

Зоран Заев: Па го регистрирав, шарена коалицијата ќе биде кога ќе излеземе

СОГОВОРНИК:Шарена коалиција а?

Зоран Заев: Се ќе соберам на купче и шуто и рогато. Све

XX:И после ќе ги пуштиш низ вода..

Зоран Заев: После мамето….на сите што ќе влезат кај мене во коалицијата

Во втората снимка, двајцата соговорници зборуваат за владиката Наум.

Зоран Заев: он е близок со Хари, Мари. Не ок е, оној наш владика е струмички, не можам да кажам дека не сум се видел со него, сум се видел.

СОГОВОРНИК: Каков човек е он?

Зоран Заев: Со сите бои обоен, измачкан. Не знам дали мине повеќе време со мене или со Сашо

По објавата на новите разговори, лидерот на СДСМ Зоран Заев на фејсбук напиша дека „лошо се изразил“

„ Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина сите добри односи, почит и достојна соработка со сите наши коалициони партнери. Низ конкретни дела секој ден градам човечки и пријателски односи со сите мои партнери и соработници, затоа нашата коалиција постојано расте, затоа нашето мнозинство победува.“ – напиша Заев.

Де Соуза: Португалија одговорна за злосторствата за време на трансатлантското ропство

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза рече дека Португалија е одговорна за злосторствата извршени за време на трансатлантското ропство и колонијалната ера и посочи дека има потреба од репарации.

Говорејќи на настанот на кој доцна синоќа беа поканети странски дописници, Ребело де Соуза рече дека Португалија „ја презема целосната одговорност“ за неправдите од минатото и дека тие злосторства, вклучително и колонијалните масакри, имаат „цена“.

Тој посочи дека Португалија мора да ја плати цената.

„Дали има злосторства што не се казнети, а одговорните не се уапсени? Дали има стока што е ограбена и не е вратена? Да видиме како можеме да го поправиме тоа“, рече Ребело де Соза.

Во текот на повеќе од четири века, најмалку 12,5 милиони Африканци беа киднапирани, насилно транспортирани на долги растојанија главно со европски бродови и продадени во ропство.

Оние кои го преживеале патувањето завршиле со работа на плантажи претежно во Бразил и Карибите, додека други профитирале од нивниот труд.

Португалија продаде речиси шест милиони Африканци, повеќе од која било друга европска нација, но досега не успеа да се соочи со своето минато, а во училиштата малку се учи за нејзината улога во трансатлантското ропство. /МИА

Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај

Подводниот визуелен спектакл „Мермејд опен“ (Mermaid Open), познат и како Меѓународен натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд. На него учествуваа стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Беа прикажани уметнички нуркачки вештини во неколку дисциплини, а натпреварувачките и натпреварувачите се оценувани во неколку категории.

Натпреварот се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и околу 50.000 риби во него, a двајца од јужна Кина се прогласени за шампиони - во женска и машка конкуренција, пишува „Шангај дејли“. Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина последниве години, а за да го поттикне овој спорт, Океанскиот парк „Хајчанг“ во Шангај планира да организира серија настани и за претстојните празници во мај.

Видео: Атина „проголтана“ од сахарска прашина, градот обоен во портокалово

Атина и јужните делови на земјата вчера беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

Облаците од прашина, пренесени преку Средоземното море од северна Африка, го обвија акропол и другите знаменитости на Атина.. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews. Метеоролозите најавуваа дека небото ќе се расчисти денеска поради промената на правецот на ветерот, поради што ќе паднат и температурите.

притисни ентер