Објавена снимка од измачување во руски казнен логор (Вознемирувачко видео)

Руските независни медиуми денеска објавија видео, во кое наводно се гледа тортура врз затвореници во казнен логор.

Новаја газета, критична кон Кремљ, пишува дека снимките се направени во 2016 и 2017 година во камп во Јарослав, околу 250 километри северо-источно од Москва, и дека организациите за човекови права им ги доставиле на новинарите.

На видеото наводно се гледа како чуварите на затворот брутално тепаат двајца речиси голи осуденици. Една од жртвите, наводно, потоа починала во болницата.

Претходно оваа недела мрежата „Ехо на Москва“ објави случај на маж кој бил мачен од други затвореници во логор во близина на сибирскиот град Иркутск.

Наместо да и помогнат на жртвата, затворските стражари го врзале и ги оставиле другите да го тепаат.

Според извештајот, управникот на затворот подоцна бил отпуштен.

Рускиот дисидент Алексеј Навални исто така ќе биде испратен во казнен логор откако московскиот суд ја потврди казната во саботата.

Неговите адвокати сметаат дека тој може да биде ослободен летото 2023 година со претходните казни и куќниот притвор.

Навални е осуден за кршење на условите за условната казна во претходен случај додека се опоравувал од нападот со отров во Германија. Казната наиде на критики како политички мотивирана.

Сè уште не е познато кога и каде ќе биде однесен.

Во Бристол им се суди на лицата , кои фрлија статуа на робовладетел во море

Тројца мажи и една жена пред судот во Бристол се изјасниле за невини за учество во рушењето на статуата на Едвард Колстон, сопственик на робови и трговец со робови од 17 век во Бристол, во југо-западна Англија.

За време на демонстрациите против расизмот на 7 јуни минатата година во Бристол, како дел од глобалниот бран протести наречен „Црните животи се важни“, беше срушена статуата на овој британски сопственик на робови и фрлена во пристаништето во Бристол.

Собраниска делегација на онлајн февруарските состаноци на ПС на НАТО

Делегација на Собранието учествуваше на традиционалните февруарски заеднички состаноци што во организација на ПС на НАТО вчера и денеска се одржаа онлајн преку платформата KUDO.

– Овие состаноци се одржуваат според правилата на Chatham House, при што поради сензитивноста на споделените информации, истите не можат да се пласираат во пошироката јавност, информираат од Собранието.

На состанокот, како што се наведува во соопштението, учествувале шефот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното Собрание на НАТО, Арбер Адеми и членот на делегацијата Илија Николовски.

Дебатата се одвивала за пост-пандемиските стратешки предизвици и приоритети за НАТО, отпорноста на општествата и демократијата во Алијансата, предизвиците со Истокот и други актуелни состојби. Парламентарците се осврнале и на Проектот „НАТО 2030" и улогата на парламентите, при што бил поздравен придонесот на парламентарците кон овој проект, кои дале свои размислувања и подобрувања на него. Бил презентиран и првиот онлајн претседателски извештај на ПС НАТО, изготвен под специфични работни услови поради пандемијата со Ковид-19.

На вториот ден на заедничкиот состанок се одржал специјалниот состанок со постојаните претставници на земјите-членки во Северноатлантскиот совет (NAC).

Февруарските состаноци на ПС на НАТО претставуваат форум на кој парламентарците имаат можност да се сретнат со владините претставници на НАТО и експерти од воената област, со цел да бидат запознаени со актуелните случувања во креирањето на стратешките политики на Алијансата.

Владата го одобри предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк

Владата на денешната 50-та седница го утврди текстот на Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, заради обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес, информираат од владината прес служба, по завршувањето на седницата.

Владата на денешната 50-та седница го разгледа и усвои и Планот за борба против корупцијата и здравствениот протокол за непречено спроведување на Пописот.

притисни ентер