Објавен повик за продолжување на грејс-периодот за кредитокорисниците од ,,Ковид 2"

Развојната банка на Македонија на својата веб страница го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за кредитната линија „Ковид 2".

Јавниот повик ќе трае седум дена, заклучно со 18 јуни, кога е последниот ден за поднесување на барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за 12 месеци.

– Преку објавата на јавен повик со кој се овозможува корисниците на кредит од „Ковид 2" да побараат продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата се реализира мерка објавена во петтиот сет економски мерки. Објавата на јавниот повик е во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за условите и критериумите за репласирање на средствата од компензационите фондови од странска помош, објавена во Службен весник на РМ бр.121 од 03 јуни 2021 година, информира Развојната банка.

Оние кои користат кредит од „Ковид 2" во рок од седум дена треба да поднесат барање до Развојната банка. Барањето е прикачено на јавниот повик, а се доставува преку електронска форма.

СТО: Можно производство на вакцини против Ковид-19 во Африка

Регионалните производствени капацитети и отворениот синџир на снабдување даваат можност за подобра подготвеност во идните кризни периоди.

Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО) Нгози Оконџо Ивеала потврди денеска дека африканските земји преговараат со ЕУ и други партенри за започнување производство на вакцини против коронавирусот во Јужна Африка, Сенегал, Руанда, а можеби и во Нигерија.

Таа на денешниот видео самит изјави дека се покажало оти прекумерната централизација на производството на вакцини е некомпатибилна со еднаков пристап до вакцините во кризни ситуации.

– Регионалните производствени капацитети и отворениот синџир на снабдување даваат можност за подобра подготвеност во идните кризни периоди, истакна генералната директорка на СТО.

МЗ: Починати две лица, 3 новозаболени, 15 оздравени

Во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3.

Регистрирани се 15 оздравени пациенти од:

Скопје – 6, Прилеп, Битола и Кичево – по 2, Тетово, Неготино и Виница – по 1.

Пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Направени се 1.601 тестови преку: ИЈЗ-30, ЦЈЗ Скопје-15, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–7, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-88, Авицена-137, Биотек-177, Систина-132, лабораторија Лаор-0, Синлаб-1, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-94, ВФВ Медикал-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 910.

Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68643, Активни 102

Куманово 8878, Активни 34

Прилеп 8326, Активни 24

Тетово 7241, Активни 23

Битола 6304, Активни 8

Велес 5472, Активни 4

Гостивар 5181, Активни 8

Кавадарци 5153, Активни 0

Охрид 5016, Активни 14

Штип 4960, Активни 1

Струмица 4117, Активни 5

Струга 2981, Активни 1

Кочани 2792, Активни 3

Кичево 2591, Активни 20

Гевгелија 2195, Активни 2

Неготино 2184, Активни 0

Свети Николе 1523, Активни 0

Ресен 1234, Активни 0

Крива Паланка 1226, Активни 6

Радовиш 1161, Активни 2

Берово 1029, Активни 0

Делчево 973, Активни 1

Дебар 941, Активни 1

Виница 886, Активни 4

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 1

Демир Хисар 400, Активни 3

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 4

Македонски Брод 359, Активни 1

Пехчево 268, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 0

Дојран 132, Активни 0

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Продолжува извршното дејствие околу одлуката за уривање на галијата, ново рочиште на 7 јули

Одлуката за уривање на галијата во Вардар се носи по основ на извршната клаузула во договорот што го има постигнато Градот Скопје со корисникот на просторот.

Ние веќе продолживме минатата недела со извршното дејствие со надлежниот извршител ангажиран од страна на градот и таа постапка како континуитет си продолжува, соопшти градоначалникот Шилегов на денешната промоција на новонабавените специјални комунални возила-камиони за собирање и транспорт на комунален отпад.

Шилегов воедно истакна дека временската рамка била укината, како и дека ново рочиште било закажано на 7 јули.

– Одлуката на Апелациониот суд во Скопје е да ја укине времената мерка на Основниот суд и ние заради тоа продолживме со извршните дејствија, а Основниот суд во Скопје закажа рочиште на 7 јули на кое што јас кажав дека ќе го застапувам Град Скопје. За оние кои не знаат, согласно Законот, законски застапник на институцијата е градоначалникот и јас имам право да го застапувам овој град во секоја постапка, нагласи Шилегов.

Тој воедно информира дека по надминатите проблемите од формален карактер, наскоро ќе започнат активностите околу уредување на зелениот покрив на Мавровка.

притисни ентер