Објавен Конкурсот за упис на студенти на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип го објави Конкурсот за упис на студенти во прва година за академската 2024-2025 година.

Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип го објави Конкурсот за упис на студенти во прва година за академската 2024-2025 година, информираа на денешната прес конференција ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски и проректорите, Мишко Џидров и Зденка Стојановска.

Џидров истакна дека Конкурсот е објавен на веб страницата со линк за пријавување на идните студентите на една од околу 80 студиски програми на 12 Факултети и три уметнички академии.

-Слободни места има за повеќе од 3.900 студенти во државна квота, во квота со кофинансирање и во вонредната. Сите студиски програми се веќе достапни на нашиот интернет сајт, кандидатите можат да влезат и да ги видат студиските програми, да видат со кои професори ќе можат да работат, а во текот на овие денови можат да аплицираат. Сето тоа може да се направи он лајн, порталот е отворен, со неколку клика можат да направат свој профил и да ги внесат своите податоци, вели Џидров.

Посочува дека втората фаза опфаќа од 5 август идните студенти ќе можат и лично да ги достават потребните документи за упис на избраниот Факултет или Академија.

-Прв уписен рок од 20 август до 23 август, вториот е на 5 и 6 септември, а третиот на 18 и 19 септември. Со тоа го заокружуваме уписниот рок и од 1 октомври почнува академската година, вели Џидров.

Тој додаде дека и како претходните години, така и оваа академска година најдобро рангираните студенти на факултетите ќе бидат ослободени од партиципација, од кои на Факултетот за медицински науки од партиципација ќе бидат ослобедени вкупно 40 студенти.

-По 20 на Општа медицина, 10 на студиската програма за фармација и 10 на дентална медицина, потоа Земјоделски 20, Економски, Правен, Туризам и бинис логистика исто по 20 најдобро рангирани студенти, Елетро-техничкиот, Машинскиот, Природно-технички факултет, Факултетот за образовни науки, Музичка Академија по 10 најдобро рангирани студенти, Факултетот по информатика има 30 и Ликовна и Филмска Академија по 5 студенти, вели Џидров.

Додека на Филилошкиот факултет има најголеми ослободување за упис на студенти, на катедрата за македонски јазик и книжевност се ослободуваат од партиципација сите кандидати кои ќе се запишат во трите уписни рокови, а овие студенти се ослободени од партиципација во следните четири години.

Проректорката Стојановска вели дека имаат конкурс за упис и на втор и трет циклус, а на кои имаат слободни места за околу 1.000 кандидати. Посочи дека за овие циклуси нудат студирање во три кампуси, и тоа за медицински, технички и општествени.

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски им порача на идните студенти да ги видат студиските програми на УГД, а дополнителна погодност за нив е што и од оваа година се дел и од Европска алијанса на Универзитети, една од 64 алијанси на европско ниво. Според него оваа Алијанса им нуди мобилност на студентите, на пример студент на Медицинскиот факултет, може да избере еден или два семестри да студира на еден од најголемите Универзитети на медицински науки во Полска. Алијансата е финансирана од фондовите на ЕУ и во наредните четири години деветте европски Универзитет, меѓу кои и штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ имаат на располагање над 14 милиони евра, за мобилност на студентите и вработените, а дополнително си остануваат и можностите од Еразмус плус Програмата.

Џо Бајден: Најдобар начин да се обедини земјата е предавање на штафетата на новата генерација

Во име на демократијата и за обединување на нацијата. Ова беа главните причини кои американскиот претседател Џо Бајден ги наведе во неговото обраќање во живо до јавноста зошто се повлекува од кандидатурата за втор претседателски мандат.

Ова е негово прво појавување откако во неделата на социјалните мрежи објави дека се откажува од трката за Белата куќа и за свој наследник ја поддржува потпретседателката Камала Харис.

Во својот говор, Бајден ги истакна своите достигнувања во изминатите три и пол години, објасни зошто Харис би била добар претседател и предупреди на ризиците што би ги претставувал вториот мандат на Трамп. Ваквиот чекор, потенцира тој, го презема затоа што на приказната за американската демократија и треба ново поглавје.

-Во последниве недели сфатив дека треба да ја обединам мојата партија. Сметам дека мојот труд како претседател, моето лидерство во светот, мојата визија за иднината на Америка - сето тоа заслужуваше втор мандат. Но ништо, ништо не смее да застане на патот за спасување на нашата демократија. Тоа вклучува и лични амбиции. Затоа решив дека најдобриот пат напред е да ја предадам штафетата на новата генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата нација, изјави Бајден во говорот.

Веднаш по обраќањето на Бајден, се огласи републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, кој говорот го оцени како „едвај разбирлив и многу лош“, а не штедеше ниту на критики до демократите и неговата противкандидатка Камала Харис на митингот во Шарлот, нарекувајќи ја „ултралиберална движечка сила зад секоја катастрофа на Бајден“.

-Шефовите му рекоа или ќе си заминеш или ќе те исфрлиме со користење на 25 амандман, тоа се случи. Го знаете тоа. Го знаете тоа, тоа се случи. Тоа се лоши луѓе, Демократите и или ќе ги победиме или нема да имаме држава. Сега имаме нова жртва, лажливата Камала Харис, изјави Трамп.

Инаку на три месеци пред изборите во САД, анкетата на Си-ен-ен покажува дека Харис во однос на Трамп стои подобро од Бајден. Трамп, додека Бајден беше во трката, водеше пред него со шест поени разлика, но откако одлучи да се повлече во корист на потпретседателката на земјата, нејзината почетна позиција во однос на Трамп е подобра од онаа на Бајден. Па така, Трамп ужива поддршка од 49 отсто од анкетираните регистрирани гласачи, а Харис 46 отсто, за разлика од анкетата на Ројтерс која покажа блага предност за Харис со 44 проценти поддршка, наспроти нејзиниот републикански ривал кој има 42 проценти.

Дачиќ: Очекувам екстрадиција на Рамадани, но тоа е внатрешно прашање на Македонија

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, вели дека очекува македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани

Српскиот министер за внатрешни работи Дачиќ, вели дека очекува македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, но истакнувајќи притоа дека тоа е внатрешно прашање на Македонија.

-По многу луѓе кои учествуваа во тие злосторства за време на војните имаше распишано потерници, тие се и уапсени врз основа на тие потерници. Ние очекуваме дека ќе биде донесена одлука за екстрадиција, но тоа е внатрешно прашање на Македонија.Не знам вие дали разбирате дека Србија не го признава Косово и тоа е апсолутно небулозно. Ние се што работиме, работиме со ЕУЛЕКС, и на таков начин баравме и добивавме информации врзани за сите тие процеси. Така што, никаква екстрадиција внатре во Србија не е возможна, а Србија е држава која во својот состав го има и Косово, така велат и Обединетите нации, истакна српскиот министер Дачиќ.

Сиљановска Давкова прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија – ЗМСТАМ.

Раководството на здружението на средбата ја запозна претседателката Сиљановска Давкова со нивните заложби за континуирано подобрување на стандардите на сестринската и акушерската пракса, унапредување на положбата на сестрите и акушерките на работните места, како и за нивниот ангажман како здружение во насока на подобрување на здравствениот систем, во целина. Во тој контекст, истакнаа и неколку приоритетни прашања за нив, односно да се донесе Закон за здравствена и акушерска нега, да се признае и да се вреднува високото образование на сестрите и акушерките, како и нивните специјализации вградени во колективниот договор, во согласност со Конвенцијата 149 на Меѓународната организација на трудот, да се воведе менторство во сестринската пракса, да се вреднува искуството на сестрите со средно образование, а кои имаат повеќегодишно специјализирано работно искуство, како и да се зголеми улогата на патронажните сестри во пружање примарна здравствена нега.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека медицинските сестри, техничарите и акушерките се исклучително важна алка во синџирот на целокупната здравствена заштита и притоа изрази поддршка за активностите на здружението, како единствена професионална организација која ги претставува сестрите, акушерките и сестринството.

На денешната средба присуствуваа претседателката на здружението, Велка Гавровска, заменик –претседателката Тања Трајковска, Валентина Горичанец, секретар на ЗМСТАМ, како и Гордана Димеска, претседателка на невролошката секција и делегатот Гоце Марковски, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

притисни ентер