Нуредини: Тетово се приклучува на градовите кои имаат повратни вендинг машини

Успешно спроведување на новиот концепт на отпадот бара доследана селекција, рециклирање, реупотреба и преработка пред негово депонирање, вели Нуредини.

- Денес и Тетово се приклучува на градовите кои имаат повратни вендинг машини од каде амбалажниот отпад, низ процесот на рециклирање ќе може да се искористи како секундарна суровина и ќе добие нова употребна вредност – истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната презентација на првата повратна вендинг машина на Пакомак на територијата на Општина Тетово, која е поставена во Веро Супермаркети. На настанот беше покажано како работат машините и како функционира системот со „зелени поени“. Добиените „зелени поени“ засега може да се искористат за купување производи од Веро, а во иднина и за плаќање на општински и јавни услуги.

Министерот Нуредини рече дека со ваквите машини секој граѓанин може да го одложи отпадот и додека пазарува и лесно се применува системот на кауција, со што се стимулира поеколошко пакување и задолжителен поврат на амбалажата, а граѓаните добиваат финансиски поттик за одговорното однесување.

- Нема подобар начин да се претстави обезбедувањето на услови и директна имплементација на новиот пакет закони за управување со отпадот, што ги изработи Министерството за животна средина ги просторно планирање, а ги усвои Собранието. Тие се во функција на зелената трансформација на економскиот систем и воведувањето на принципот на циркуларна економија, а селекцијата, рециклирањето, реупотребата и преработката на отпадот пред негово депонирање станува обврска за сите. Со тоа промовираме одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и иновација на технолошките процеси - додаде министерот Нуредини.

Најавувајќи поставување на вендинг машини и во другите градови во државата Нуредини посочи дека во претстојниот период ќе се постават до 50 собирни садови за селекција на отпадот во државните институции, со цел органите на власта и државни службеници да бидат пример како соодветно се имплементираат новите закони и како правилно се одложува отпадот.

На настанот присуствуваа и генералниот директор на Пакомак, Филип Ивановски и директорот на Веро Супермаркети, Петар Денковски.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер