Нуредини проговори македонски јазик

По една година и три месеци од преземањето на министерската фотеља Насер Нуредини прозборе на македонски. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

МЗ:На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 843 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 843 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство. 

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 17 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1286 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Струмица, пренесени во Клиничкиот центар во Скопје

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи денеска во 14 часот на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево кај Струмица. 

Двајца од нив со потешки повреди се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите двајца од кои еден е со потешки, а другиот со телесни повреди се на лекување во струмичката болница.

Ова го соопшти портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека во сообраќајката учествувале автомобили марка „опел астра", управувано од К.М (73) од Струмица и „пежо", во кое се превезувало три члена на семејство од селото Сушица. Патниците од „пежото" се потешко повредени и двајца од нив се пренесени на лекување во Скопје, додека возачот на „опел астра" е повреден и е задржан на лекување во струмичката болница.

Во извлекувањето на повредените од автомобилите учествуваа и шест пожарникари на ТППЕ Струмица.

На местото на несреќата увид извршија полицијата и обвинител од Јавното обвинителство во Струмица.

Заради сообраќајката патот неколку часови беше затворен за сообраќај, а полицијата го насочуваше преку заобиколни патишта. По извршениот увид сообраќајот на патниот правец Струмица-Ново Село е нормализиран./МИА

,,Тајм” прв пат прогласи Дете на годината,наградата ја доби тинејџерка-научник

Магазинот ,,Тајм” воведе нова награда , Дете на годината, доделена на 15-годишниот научник Гитањали Рао, пишува Дејли Меил.

Интересот на Рао за науката започнал кога таа имала 10 години. Тогаш дознала за технологијата на наноцевки, што ја предизвикало нејзината страст кон науката.

Пред да ја добие наградата за најдобро дете на годината, Рао била вклучен на списокот на Форбс на 30 лица помлади од 30 години за развој на мобилните телефони во 2017 година. Потоа таа развила уред за откривање на олово во водата за пиење. Зборувала на ТЕД неколку пати и е добитник и на други награди.

Нејзиниот последен проект е апликацијата наречена Кундли, која користи вештачка интелигенција за откривање на малтретирање преку Интернет во рана фаза.

Рао била избрана од 5.000 номинирани, а жирито било воодушевено од начинот на кој ја користела технологијата за борба против социјалните проблеми од загадената вода до сајбер малтретирањето.

„Не изгледам како типичен научник“, рече Рао, родена во Колорадо, во интервју за Тајм, кое го направила со неа актерката Анџелина Џоли.

Рао се надева дека ќе студира генетика и епидемиологија на Институтот за технологија во Масачусетс.

„Мојата цел не е само да создадам свои уреди за решавање на светските проблеми, туку и да бидам инспирација за другите да го сторат истото“, рекла таа во интервјуто.

притисни ентер