Нуредини на конференцијата „Зелен економски круг" во Виена

Стимулираме инвестиции со конкретни економски мерки за демистифицирање на зеленото опоравување од Ковид кризата, вели Нуредини.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини вчера настапи како главен говорник на конференцијата "Зелен економски круг" во Виена, на која беа презентирани одржливи, иновативни и зелени политики, бизнис идеи, продукти и компании.

Во излагањето тој истакна дека имплементацијата на зелената агенда на Западен Балкан во Македонија е јасна цел за нашата земја, и го презентираше планираното поврзување на националната климатска заложба со зелени мерки за опоравување од Ковид 19 кризата.

„Креираме и реализираме применливи зелени политики за да ја оствариме „Зелената агенда" на Балканот како нов пристап за одржлив економски развој и обновување на природните еко-системи. Ја демистифицираме зелената економија со доближување до потрошувачот, стимулирање на приватните инвестиции со конкретни предложени мерки како енергетска ефикасност, соларна енергија, еко системски услуги и е-мобилност. Работиме на обезбедување на праведна енергетска транзиција на економијата со креирање на зелени работни места, системски планирана финансиска поддршка на екомските оператори и на индивидуалните домаќинства"– изјави Нуредини на форумот.

Пред претставниците од владите, деловните субјекти и финансиските институции, тој ја претстави нашата креирана законска регулатива усогласена со потребите на сите засегнати страни, што ќе биде веднаш применлива, ќе отвара нови можности за развој и одржливо користење на природните ресурси.

На маргините на конференцијата, Нуредини оствари и средба со австрискиот федерален министер за дигитализација и економски прашања Маргарет Шрамбок, на која разговараа за можностите за продлабочување на економската соработка во остварувањето на зелената агенда со Австрија, како еден од главните инвестициски партнери на Македонија.

Конференцијата „Зелен економски круг" има за цел да презентира и промовира одржливи, иновативни и зелени деловни решенија, производи и компании, но и активности на креаторите на политиките и на граѓанските активисти со цел да ги поврзе и да ги охрабри за соработка во градењето на позелена економија во надминувањето на сегашната криза.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер