Новороденче и неговата мајка од Штип позитивни на коронавирусот

Новороденче и неговата мајка се позитивни на коронавирусот. Надлежните од Центарот за јавно здравје информираат дека откако новороденчето појавило симптоми е испратено во болницата во Козле во Скопје, а каде е подложено на испитување и лекување.

Новороденчето и неговата мајка биле на Одделот за неонаталогија, гинекологија и акушерство, во периодот, кога една од медицинските сестри е заразена и е ставена во изолација. Но, остантите шест новороденчиња и нивните мајки се добри и немаат никакви симптоми на коронавирусот. Затоа во текот на денешниот ден се прават епидемиолошки анкети, со цел да се утврди од каде новороденчето и родилката се инфицирале. Не се исклучува можноста изворот на заразата да не е од овој оддел, затоа што останатите не се позитивни на Ковид-19.

Штип денеска во здравствениот билтен е со вкупно 15 новозразени, инаку станува збор за лица, кои се инфицирале по контактите со веќе активните случаи од конфекциите или другите познати кластери. /МИА

Камион прегази 16 работници во Индија, 13 загинале (Вознемирувачко видео)

Најмалку 13 работници -мигранти, кои спиеле покрај автопат, загинале откако ги прегазил камион во индиската држава Гуџарат.

Несреќата се случила рано утрово. Камионот се судрил со трактор и возачот изгубил контрола и налетал на мигранти од северната држава Раџастан кои спиеле покрај патот по целодневната работа. Според владиниот извештај, уште шест мигранти се сериозно повредени, пишува Би-Би-Си.

Во Индија, работниците мигранти честопати можат да се видат како спијат покрај патот, поради што можат да бидат жртви на сообраќајни несреќи.

Минатата година во државата Махараштра воз прегази шеснаесет лица кои заспале на пругата. Тие се обиделе да пешачат до железничката станица за со воз да заминат дома за време на карантинот.

Гала оперски концерт и балет ,,Болеро” во петок во НОБ

На 22.1.2021 поради големиот интерес повторно на репертоарот на Националната опера и балет ќе се одржи гала оперски концерт со почеток во 20 часот. 

Настапуваат солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Марјан Јованоски (баритон), во придружба на оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

Настапува: Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска - сопран и Оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент: Бисера Чадловска, концерт мајстор: Јане Бакевски, кореограф: Саша Евтимова костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Милчо Александров.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број!, соопштуваат од НОБ.

Дел од патот кон Пониква во прекин поради полициска вежба

Сообраќајот на регионалниот пат  Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот .

Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Северна Македонија, информираат од СВР Штип.

СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

притисни ентер